1.МФЛ 2022/2023

Почна пролетниот дел во 1.МФЛ, на стартот Шкупи подобар од Шкендија

Филип Здравески
/ 19.02.2023 / 16:39

Домашниот фудбал по зимската пауза продолжи синоќа со второлигашките натпревари, а денеска топката ја тркалаа и прволигашите.

Фото: ФК Шкендија Тетово

На стартот веднаш на програмата се најде дербито помеѓу Шкупи и Шкендија, кое поради суспензијата на теренот во Чаир се играше без публика во Кичево. Шкупи успеа да слави со головите на Костариканецот Фреди Алварес и на Трапановски и практично ја отпиша Шкендија од борбата за врвот.

Лидерот Струга гостуваше во Кавадраци кај Тиквеш и мораше да спасува реми. Домаќините имаат водство до самиот крај кога Кочоски во 88. минута донесе бод за лидерот.

Работнички имаше победнички старт славејќи на гостувањето во Прилеп, со што направи голем чекор напред кон обезбедувањето опстанок.

Штипска Брегалница ја разочара својата публика откако одигра без голово против фенерџијата Скопје, а разочара и Македонија ЃП која на свој терен загуби минимално од Академија Пандев која освои огромни 3 бода во борбата за опстанок.

Шкупи - Шкендија 2:0
36' Фреди Алварес, 90'+3 Кристијан Трапановски

Тиквеш Струга 1:1
43' Александра Мишов - 88' Валентин Кочоски

Победа - Работнички 0:2
14' Дејан Ѓуриќ, 89' Крсте Велкоски

Брегалница - Скопје 0:0

Македонија - Академија Пандев 0:1
74' Михеил Ергемлидзе

Слободен беше Силекс.

Табела:
  1. Струга 38
  2. Шкупи 37
  3. Шкендија 28
  4. Тиквеш 27
  5. Силекс 26
  6. Брегалница 22
  7. Работнички 21
  8. Македонија 20
  9. Академија Пандев 15
  10. Победа 13
  11. Скопје 12
Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Фудбал

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе