Почна снимањето на новото продолжение на „Дајте музика“

Скопје, 19 август 2019 (МИА) – Започна снимањето на новото продолжение на детскиот серијал од деведесеттите години, забавно-музичкото шоу „Дајте Музика“ во копродукција на Македонската Радио Телевизија и продукцијата „Рифенштал”.

Автори се Лазар и Цаци Паковски и веќе се снимаат нови триесет епизоди. Најголем дел од протагонистите во серијалот се од актерската школа на Весна Петрушевска, која е инструктор по актерска игра во проектот. Серијалот е во режија на Лазар Паковски и Владимир Митревски.

Емисијата повторно ќе изобилува со музика, а новите детски хитови ги потпишуваат: Николче Мицески, Никола Перевски-Пере, Роберт Билбилов, Ристо Самарџиев, Игор Џамбазов и други. Во серијалот ќе се појават и македонски групи и пејачи како Каролина, Тамара, Влатко Стефановски, Владо Јаневски, Влатко Лозаноски, Елена Ристеска, Бени Шаќири, Некст Тајм, Слаткаристика, Дарио, Дани, Нокаут и други. Улогата на „мајстор“ ќе ја толкува актерот Ѓокица Лукаревски, „полицаец“ ќе биде Нино Леви, Игор Џамбазов ќе има епизодна улога, а ќе гостуваат и други млади актери и познати македонски спортисти.

Цаци Паковска, еден од носителите на проектот вели дека целта на овој проект е да ги инспирира децата да се вратат на местата на кои им припаѓаат: маалските паркови, уличките, училишните дворови, кои ќе бидат нивни свртилишта, места за забава, дружење, перипетии, детски интриги, први симпатии и детски радости.

– Во денешно време, кога сериозно е лимитиран изборот на детски серии и емисии, децата ја пронаоѓаат својата забава на интернет, гледајќи најразлични туторијали од странска продукција кои притоа немаат никаква едукативна содржина. Резултат на тоа е интензивирано користење на технологијата на штета на заедничкото дружење и социјализацијата со врсници, истакна Паковска.

Таа додаде дека идејата е да и се покаже на денешната младина една друга „вистинска“ забава каде што ќе се дружат, играат и забавуваат на начин на кој се забавувале и играле нивните родители.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

МК сцена

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more

Почина Атина Апостолова, доајен на македонската народна музика

Read more

ДНК собраа 690.000 денари за лекувањето на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна бубамара“

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе