Смртоносната игра што го излуди светот во серијата Squid Game стана реалност - на напуштен аеродром во Велика Британија се играше „црвено светло, зелено светло“ со 456 учесници од целиот свет, а последиците за некои беа повеќе од сериозни.

Netflix реши серијата да ја претвори во вистинско натпреварување, па сите оние кои ќе го издржат брзото темпо на натпреварување и температурите под нулата ќе се борат за наградниот фонд од 4 милиони долари.
„Црвено светло, зелено светло“ беше првата игра по која веќе беа елиминирани околу стотина натпреварувачи.
„Температурата беше три степени под нулата, моравме да стоиме половина час без да мрднеме. Во еден момент некој извика ‘Помош’, а медицинските техничари истрчаа и го изнесоа натпреварувачот на носилки. Беше многу студено, луѓето беа се тресеа, не можеа да ги мрдаат нозете, но не им беше дозволено да зборуваат. Штом ќе кажеа нешто, беа бидат дисквалификувани“, изјави извор од снимањето и додаде дека условите за сместување на натпреварувачите се исти како и во серијата.
„Сите спијат на кревети на спрат, исто како и актерите во Squid Game“.