Изградбата на најголемата фотонапонска постројка на светот е завршена во Кина и таа е приклучена на локалната електроенергетска мрежа. Тоа е еден од обидите на Кина да предводи во примената на системи за обновлива енергија.
Оваа 40 мегаватна постројка од компанијата Sungrow Power Supply се наоѓа во градот Хуинан.
Самата пловечка мрежа на соларни панели е изградена над некогашниот, а денеска поплавен, рударски регион. Соларните фарми стануваат сè попопуларни во светот поради единствениот дизајн кој е ефикасен и решава проблеми на градското планирање.