Почна судењето на лекарите за смртта на Марадона, обвинителот покажа шокантна фотографија од легендата

Четири години по смртта на Диего Марадона, во Буенос Аирес започна судењето на тимот лекари осомничен од обвинителството за убиство на најголемата аргентинска спортска легенда во историјата.

Марадона почина на 25 ноември 2020 година на 60-годишна возраст поради кардиореспираторна криза во неговата резиденција во Тигре, каде што се опоравуваше од операцијата за отстранување на хематом на главата.

Обвинителот Патрисио Ферари во воведниот збор истакна дека обвинителството смета дека лекарите предводени од неврохирургот Леополдо Луке се виновни за смртта на Марадона.

Според обвинителството, Луке и неговите соработници свесно ја занемариле тешката здравствена состојба на Марадона и нивното невнимание помеѓу 11 и 25 ноември 2020 година директно довело до смртта на легендата.

Како доказ за неговите тврдења, Ферари на судиите им покажа фотографија од Марадона направена веднаш по неговата смрт, на која се гледа дека неговиот стомак е целосно надуен.

„Вака умре Марадона“, изјави Ферари, а фотографијата предизвика целосен шок кај присутните во судницата.

Ќерките на Марадона, Далма и Џанина, почнаа да плачат по зборовите на Ферари, а пред судењето Далма истакна дека нејзиниот татко е убиен, и дека ги бара нарачателите.

„Сакаме овие луѓе да кажат кој ги вработил, кој им платил, кој управувал со куќата“, рече Далма.

Обвинителот на крајот од своето излагање заклучи дека „семејството на Марадона и аргентинскиот народ заслужуваат правда“.

Сите осуммина обвинети тврдат дека се невини и се уверени дека судот ќе ги ослободи од обвинение. Тие ќе сведочат во наредните денови.

реклама

Фудбал

ФИФА продолжува со фарсата: Мундијалот 2030 со 64 репрезентации

Read more

Јапонија прва обезбеди пласман на Мундијалот 2026

Read more

Дресот со број 16 што го носеше Андреј Лазаров засекогаш повлечен во Тиквеш

Read more

Мундијалската топка Trionda на ФИФА ќе го снима контактот на секој играч

Read more
 

Спорт

Хамилтон од пол-позицијата ќе го стартува спринтот во Шангај

Читај повеќе

Конор Мекгрегор се кандидира за претседател на Ирска

Читај повеќе
  • play_arrow

Брони постигна рекорд во тешкиот пораз на Лејкерс

Читај повеќе

Познато во кои 11 европски градови ќе се шири НБА

Читај повеќе

ИОК има нова претседателка - од Зимбабве

Читај повеќе

Ракометарките ги дознаа противничките во квалификациите за ЕП

Читај повеќе

ФИФА продолжува со фарсата: Мундијалот 2030 со 64 репрезентации

Читај повеќе

Бостон има нов сопственик – Селтикс се најскапата франшиза

Читај повеќе

Јапонија прва обезбеди пласман на Мундијалот 2026

Читај повеќе