Почна судењето на најмоќната италијанска мафија

Б.С.Б.
/ 17.01.2021 / 12:05

Почна судењето на најмоќната мафија во Италија, со 900 сведоци кои ќе сведочат против 350 припадници и соработници на кланот Ндрангета, мафијашка криминална организација од југот на земјата. Меѓу обвинетите има и политичари и функционери.

Кланот има монопол на увоз на кокаин во Европа. Медиумите пренесуваат дека ова е најголемото судење на италијанска мафија во последните 30 години. Судењето се одвива во судница со капацитет за 1.000 присутни во градот Ламеција Терме во областа Калабрија. Поради коронавирусот, повеќето од обвинетите ќе го следат судењето преку видеолинк, а присутните во судницата ќе носат маски.

Во процесот има 58 заштитени сведоци, припадници на кланот, кои соработуваат со полицијата.

Ндрангета од 50-тите години на минатиот век се прошири на северот на земјата и по светот, а на почетокот на 21 век стана најмоќна организација од тој тип.

Судењето го води најпознатиот италијански обвинител за борба против мафијата Никола Гратери, кој три децении живее под полициска заштита. Од сведоците се очекува да ги разоткријат криминалните активности на највлијателното семејство на кланот и да го прекршат кодексот на молчење.

Кланот е обвинет за притисок на политичари, перење пари преку недвижнини, шверц на дрога, поседување приватни воени сили и друго. Повеќето од обвинетите, меѓу кои и поранешен сенатор,  шеф на полиција, бизнисмени и функционери, се уапсени во текот на меѓународни рации во 2019 година во Италија, Швајцарија, Бугарија и Германија, поради трговија со дрога, лихварство, злоупотреба на положба, убиства, перење пари, обид за убиство и друго.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Свет

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Read more

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Read more

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе