Почна судењето во Германија кое се очекува да ги разоткрие сите тајни на пицата број 40

Макфакс
/ 22.01.2025 / 13:49

Стипе Р., сопственик на пицерија во стариот дел на Диселдорф, беше уапсен минатата година поради трговија со дрога. Неговиот специјалитет, пица број 40, стана синоним за нелегални активности бидејќи клиентите што ја нарачувале, всушност, добивале пакетчиња кокаин.

Стипе Р. се соочува со тешки обвиненија, а судењето почна денеска. Се очекува да трае до 12 февруари кога треба да се донесе пресуда. Доколку биде прогласен за виновен, може да добие неколкугодишна затворска казна.

Овој случај привлече големо внимание во Германија, а истрагата откри и мрежа за шверц на дрога, во која учествуваа повеќе лица.

За време на неговите години во бизнисот, Стипе Р. стана познат по својата уникатна понуда – пица број 40. Сепак, она што изгледаше како обична пица, всушност беше покритие за шверцот на кокаин. Секоја нарачка од оваа пица вклучувала дрога од 40 евра, а државното обвинителство тврди дека оваа дејност со години ја водел Стипе Р.

Се посомневале дека работи на црно

Истрагата почна кога властите ја прегледаа неговата пицерија во март минатата година поради сомневање за незаконско работење. При увидот инспекторите забележале пица со сомнителни состојки по што дошло до интервенција на полицијата. Набргу потоа на вратата на Стипе Р. тропнала полицијата, кој во паника од балконот фрлил чанта во која имало речиси 264.000 евра, повеќе од 200 грама канабис и околу 1,6 килограм кокаин. Чантата паднала директно во рацете на полицајците, кои биле надвор од зградата, по што почнала сериозна истрага.

Трговија со дрога и обид за бегство

По првото апсење, Стипе Р. бил ослободен, но тој не се откажал од своите незаконски активности. Продолжил да ја продава пицата број 40 и повторно бил уапсен во август 2023 година, овој пат поради обид за бегство во Хрватска. Планирал да ја продаде својата продавница и да побегне од Германија, но инспекторите му влегле во трага и го уапсиле поради обид илегално да ја напушти земјата.

Истрагата не запре со Стипе Р., туку во октомври 2023 година, врз основа на информации добиени од надзорот на неговата пицерија, полицијата уапси неколку лица поврзани со дрога. Меѓу уапсените е и 22-годишниот водач на банда, како и лица од други градови, вклучувајќи ги Келн и Хан. Во рациите во Германија беше разбиена криминална мрежа за шверц на дрога и беа пронајдени две плантажи со канабис. Запленети се и нелегални предмети, меѓу кои и оружје, скапи часовници и готовина.

реклама

Дали ја видовте „ракетата“ на Доминик Собослаи против Тотенхем?

Read more

Саудијците ја секнаа нафтата за Европа, итно се бараат алтернативи

Read more

Забременување по 40-тата година: Што се менува и како да ги следите плодните денови?

Read more

Домашна погача што секогаш излегува совршено и е лесна за подготовка

Read more

Свет

Нови фотографии откриваат колку се уништени американските бази по иранските напади

Read more

Белорусија вежба одбрана од дронови на границите со Полска и Литванија

Read more

Саудијците ја секнаа нафтата за Европа, итно се бараат алтернативи

Read more

Мерц поради успехот на AfD го откажа патувањето во Њујорк

Read more

Вести

Нови фотографии откриваат колку се уништени американските бази по иранските напади

Читај повеќе
  • filter

Белорусија вежба одбрана од дронови на границите со Полска и Литванија

Читај повеќе

Саудијците ја секнаа нафтата за Европа, итно се бараат алтернативи

Читај повеќе

Прекин на струја денеска во делови од општините Петровец и Кисела Вода

Читај повеќе

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди

Читај повеќе

Мерц поради успехот на AfD го откажа патувањето во Њујорк

Читај повеќе

Емиратите купија десетици милиони барели ирачка нафта со огромни попусти

Читај повеќе

Земјотрес во Пехчево и Берово

Читај повеќе

Нападнат танкер за нафта во Ормускиот Проток: Двајца морнари се водат како исчезнати, 23 се спасени

Читај повеќе