Почна тестирањето на мотоциклот кој треба да биде најбрз на свет

Британската компанија White Motorcycle Concepts започна со тестирање на својот мотоцикл со радикален дизајн кој се очекува да го собори рекордот за максимална брзина.

Станува збор за мотоциклот WMC250EV кој се карактеризира со радикален дизајн задолжен за драстично намалување на коефициентот на отпорност на воздух. По неколкумесечен развој, концептот сега е во тест фаза на асфалтот. Директорот на компанијата и главен мотоциклист, Роберт Вајт, потврди дека се извршени некои од првите тестови.

Кога станува збор за дизајнот, мотоциклот напред има централна празнина што овозможува да поминува воздух, а таков дизајн никогаш не бил виден во светот на мотоциклите. Покрај оваа промена на дизајнот, тимот кој го развива мотоциклот се одлучи за целосно електричен погон.

Целта е да се собори светскиот рекорд од 402 километри на час, а тимот моментално тестира прототип на јаглерод.

Сепак, развојот е сѐ уште во тек, па љубителите на брзината треба да знаат дека мотоциклот во моментов не е особено брз, бидејќи главната цел на првите тестови е да се соберат податоци во реални услови. Прототипот се напојува со 60V систем кој испорачува само 100 kW енергија.

„Избравме одмерен и контролиран пристап кон нашата програма за тестирање за да се осигураме дека ниту еден камен не останува непревртен. Со оглед на досегашното собирање податоци, мојата самодоверба постојано расте“, вели Вајт.

Remote video URL

Конечната верзија на мотоциклот ќе има 800V систем кој треба да произведе доволно енергија за да го собори рекордот во брзина. Тестирањето ќе продолжи до крајот на оваа година, а обид за соборување на рекордот е планирано за следното лето и тоа во Боливија.

Покрај соборувањето рекорди, компанијата работи со индустриски партнери за да ги користи нивните патентирани технологии за мотоцкликлите кои од идните генерации.

Тагови
реклама

Ѕвезди кои го користат OnlyFans за дополнителен приход: Многу актерки и пејачки ги изненадија обожавателите

Read more

Колку гориво трошите кога возите со 160 км/час во споредба со 100 км/час?

Read more

Италијанска водителка е ѕвезда на Клупскиот мундијал: Сакала да биде мис, станала новинарка

Read more

Последен трансфер во кариерата: Oд Дубаи во холандски затвор

Read more

Вести

Must have гаџети за твоите урбани авантури

Read more

Како изгледа најновата листа на најпреземани апликации?

Read more

Passkey наскоро доаѓа на Facebook: Што значи тоа за корисниците?

Read more

Откриен досега непознат вид морски пајак, се храни со метан

Read more
 

Гик

Неверојатно откритие на научниците: Мозокот испраќа сигнали за кои не сме знаеле дека постојат

Читај повеќе

AI моделот на Google за генерирање видеа наскоро доаѓа на YouTube Shorts

Читај повеќе

Русите почнаа да ја тестираат првата вакцина против рак

Читај повеќе

Must have гаџети за твоите урбани авантури

Читај повеќе

Како изгледа најновата листа на најпреземани апликации?

Читај повеќе

Passkey наскоро доаѓа на Facebook: Што значи тоа за корисниците?

Читај повеќе

Откриен досега непознат вид морски пајак, се храни со метан

Читај повеќе

Кои информации не треба да ги споделувате со ВИ четботовите?

Читај повеќе

Aстероид повторно ѝ се заканува на Земјата

Читај повеќе