Почна традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2021“

Во трговскиот центар „Капитол мол“ во Скопје по осми пат започна традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2021“, која ќе биде отворена до први март. Покрај музејска постановка со автентични амајлии од повеќе држави, има и едукативни панели, продажна галерија со ракотворби и промоција на четири илустрирани читанки за деца за обичајот „Мартинки“ на македонски, англиски, албански и туриски јазик, како и две боенки за деца на македонски и на англиски јазик.

– Печатените изданија за деца коишто ќе ги промовираме на традиционалната манифестација посветена на обичајот „Мартинки“ се поддржани од Европската комисија и Советот на Европа, во рамки на „Приказните за европското културно наследство 2020“ каде проектот за „Денот на Баба Марта“ на „ХАЕМУС“ беше избран меѓу десетте најдобри европски приказни, како исклучителен пример преку којшто се визуелизира и интерпретира културното наследство, вели Василка Димитровска, директор на „ХАЕМУС“.

Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2021“ се организира со поддршка од „Капитол мол“, Град Скопје и приватни донатори, под мотото на УНЕСКО за Отворени образовни ресурси. Манифестацијата ќе биде реализирана во мал обем и со соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита во време на пандемија од COVID-19.

Организатор на настанот е Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“, а манифестацијата претставува дел од активностите поврзани со традиционалниот украс мартинките, како нематеријално светско културно наследство впишано на репрезентативната листа на УНЕСКО.

Ако сакате спремни да ја дочекате Баба Марта, можете да си набавите мартинка од ХАЕМУС за време на нашиот настан во...

Posted by HAEMUS on Thursday, February 25, 2021
Тагови
реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Читај повеќе