Почна трката за формирање Влада

И официјално почна трката за формирање нова Влада откако Собранието вчера ја одржа конститутивната седница. И претседателот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најавуваат мнозинство од 61 пратеник.

Според Заев, сите опциии се отворени. На слична позиција е и Мицкоски. Рокот тече.

Уставот предвидува претседателот на државата во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот. Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

– Уверен сум дека ќе успееме да формираме стабилна и успешна влада со мандат од четири години. Ова го темелиме на основ на бројките. Ќе ги слушнеме размислувањата и врз основа на тоа ќе пресечеме. На граѓаните им треба сериозен пристап, а не калкулации и исполнување некакви агенди, рече вчера Заев и додаде дека очекува резултати од преговорите во наредните десет до 15 дена.

Многу пратеници, смета Заев, ќе дадат поддршка за формирање влада со оглед дека мнозинството во Собранието е широко. Тој апелира национализмот да се тргне на страна.

– Од денеска почнуваме преговори за четиригодишен полн мандат кој ќе ни донесе четиригодишна влада подготвена да сработи. Да оставиме да покаже времето со кој ќе можеме да направиме коалиција, прво парламентарно мнозинство кое ќе ја сочини владата. Коалицијата предводена од СДСМ може да формира Влада и со ДУИ и со Алијанса и Алтернатива. Зависи од отстранувањето на национализмите, зависи од цела една разработка за расчистување на правосудството, проверка на имотот, капиталот на секој политичар и функционер кој ќе биде избран, кадровскиот потенцијал, пред сè за правните, но и за економските аспекти на државата. Ќе ги разгледаме сите можности, добро ќе одвагаме и ќе ја донесеме одлуката. Сите опции се отворени во текот на овој преговарачки процес, напомена Заев.

Средбите и разговорите со другите партии веќе стартуваа. Заев најави дека ќе се види со сите претседатели на партии од албанскиот политички блок, а работните групи и членовите на партиските раководства ќе имаат постојани средби на повеќе нивоа додека трае преговорачкиот процес за коалиција и составување парламентарно мнозинство.

– Ќе разговараме исклучиво за формирање влада која ќе се грижи за сите граѓани подеднакво, ослободени од какви било етнички предрасуди или национализми, влада која нема никакви дилеми кога е во прашање нашиот заеднички пат кој се вика „Северна Македонија – Едно општество за сите“, Влада која ќе се бори против криминалот и корупцијата на сите нивоа, а особено внимание ќе посвети на прочистувањето на правосудството и на проверката на потеклото на капиталот на секој функционер. Идните чинители на новата влада ќе треба да се подготвени и за сериозна реформа на јавната администрација. Во фокусот на идната влада ќе бидат и економијата, растот на платите, вложувањето во младите, рамномерниот регионален развој, поддршката за прватниот сектор и грижата за најсиромашните, подвлече Заев.

Но, и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоцски, смета дека ќе формира Влада поради тоа што, како што изјави вчера, неговата партија е фокусирана на преговори за ново парламентарно мнозинство.

Мицкоски најави дека во периодот што следи ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зачести средбите со политичките партии кои се дел од сегашниот парламентарен состав, но не само со оние од албанскиот блок, туку и со оние од коалицијата на СДСМ. Можеби и тие, рече, ќе ја препознаат реформската програма на ВМРО-ДПМНЕ и ќе ја поддржат. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е воедно уверен дека никој од пратеничката група „За обнова на Македонија“ нема да ја поддржи програмата на Заев и СДСМ.

Новата влада, според Мицкоски, треба да биде стабилна, реформска, со јасен план и визија за справување со предизвиците. Политиката, според него, не е пазар, туку мудрост и филозофија.

– Да оставиме времето да покаже кој ќе го формира парламентарното мнозинство. Да, на оние пратеници на кои им се пристапени мистериозни личности кои се повикуваат на раководството на СДСМ, пријдоа, кажаа и со згорзување ги одбја. И јас со згрозување одбивам да коменитрам ваков вид пазар зашто на тој начин само ги демотивираме и деморализираме нашите сограѓани за следните избори кои на една година од сега ќе бидат локални. Верувам во политичка мудрост, политичка програма и политичка филозифија , а не на пазар како што се случуваше во претходниот парламентарен состав, нагласи Мицкоски.

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во контекст на формирањето нова влада, пред вчерашното конституирање на Парламентот изјави дека очекува да има правна држава која побрзо ќе стане членка на ЕУ. Според Африм Гаши од Алтернатива, пак, на партиите им треба повеќе политичка култура и волја да им служат на граѓаните.

Рано е да се зборува за очекувањата, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети според кој, преговорите за формирање нова влада може да почнат, но уште нема ништо конкретно.

Претседателот Стево Пендаровски веќе најави дека планира да одржи консултации со политичките партии по конституирањето на Парламентот, по што, согласно уставните одредби, ќе го додели мандатот за формирање нова влада на партијата, односно на партиите што ќе обезбедат мнозинство во Собранието на Република Северна Македонија.

На парламентарните избори што се одржа на 15 јули годинава, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата „За обнова на Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ доби 15, коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица 2, а ДПА 1 мандат.

реклама

Полната Месечина почнува денес: Што ќе му донесе на секој хороскопски знак?

Read more

Шенон Доерти: Ќе снимам видео за да се збогувам со најблиските

Read more

Времеплов: Каде е, што прави најубавата собирачка на топчиња?

Read more

Експресен одговор за Навални од Кремљ

Read more

Македонија

Нови 162 случаи на COVID-19, најмногу во Скопје

Read more

Средношколци во Тетово ја бојкотираа наставата од далечина

Read more

Ситуацијата е сериозна, добро е што финансискиот сектор е стабилен, смета Бесими

Read more

Филипче: Секоја одлука е донесена со цел да се обезбеди добар и безбеден образовен процес

Read more

Вести

16-годишник со пиштол пукал кон куче, но ранил врсник кој завршил во болница

Читај повеќе

Песков: Тврдењата на Навални за Путин се навредливи и неприфатливи

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција, Русија и САД бараат итен прекин на огнот во Нагорно-Карабах

Читај повеќе

Нови 162 случаи на COVID-19, најмногу во Скопје

Читај повеќе

Експресен одговор за Навални од Кремљ

Читај повеќе

Средношколци во Тетово ја бојкотираа наставата од далечина

Читај повеќе
  • filter

Сообраќајка кај Железничка, од камион кој превезувал стакла паднал товарот

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 5.2 степенa регистриран во близина на грчкиот остров Нисирос

Читај повеќе

Влез во Словенија за македонски државјани со негативен ПЦР тест не постар од 48 часа

Читај повеќе