Почна вакцинирањето на медицинските лица во Русија
Медицинскиот персонал во Сант Петербург ја прими првата компонента од руската вакцина за новиот коронавирус.
Вработените во болниците „Сергей Боткин“ и „№ 40“ синоќа го започнаа вакцинирањето со вакцината „Спутник-V“, објавија руските медиуми.
Според алергологот и имунологот Олга Архипова, која работи на вакцината, таа се чува замрзната на температура до -18 степени Целзиусови, додека вакцинацијата се прави 15 минути по одмрзнувањето.