Почнува 16. „Танц фест“ - на отворено и под маски

Скопје, 4 септември 2020 (МИА) – Под мотото „Потрага по допир“, вечер почнува 16. издание на „Танц фест Скопје“.

Публиката вечер и утревечер, во 20 часот, на отворената сцена во парк МКЦ ќе може да ужива во голем број авторски претстави на македонските кореографи Адријана Данчевска, Ивана Коцевска, Дејан Битровски, Валентино Апостоловски, Ивана Коцевска, Дејан Битровски, Валентино Апстоловски, Ивана Балабанова, како и апсолвентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Бобан Русески, Тереза Лазарев и Сара Цветковска.

Дел од танцовиот маратон, со кој ќе се одбележи 30-тиот јубилеј на македонската современа сцена, ќе бидат и реномираните американски кореографи Меган Бриџ со претставите „Consent“ и „Morphic Resonance“ и Кристина Бонансеа со „GAMER“, кои ќе се претстават пред публиката во живо. Делата на Стивен Петронио, Шамел Питс и Даг Верон ќе се прикажат онлајн во рамки на фестивалот, првпат како дел од програмата ФОКУС:САД.

На фестивалот првпат ќе биде прикажан и првиот македонски танцов филм „Дома“ на младата кореографка Адријана Данчевска, во продукција на Скопје танцов театар.

Влезот за фестивалот е слободен, но со ограничен број на места, согласно протоколите донесени од Министерството за здравство – со дезинфекција, одржување дистанца и носење заштитна опрема.

Публиката ќе има можност програмата да ја проследи и онлајн, преку YouTube каналот на Танц Фест, како и преку МРТ и локалната ВИС Телевизија Струмица.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Култура

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Read more

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Read more

Ива Петреска ја промовира дебитантската стихозбирка „Песнило“

Read more
26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе