Почнува 19. Синедејс – Цело Скопје ќе биде кино на отворено

Со премиерата на македонскиот детски семеен филм „Стела“ утревечер почнува 19-тото издание на Фестивалот на европски филм Синедејс (Cinedays).

Годинешната програма на Синедејс е селекција на Бернд Будер, и таа е намалена, следствено на фестивалските денови.

Во неа ќе ги погледнеме најновите остварувања на Озон, Пуиу, Винтенберг, Срѓан Голубовиќ, а таа нуди и доста македонски филмови и копродукции што „гравитираат“ во неколку нови и веќе познати програмски целини: Официјална селекција, Гала програма, Музички документарци, МК во ЕУ, МК премиери, SEE програма, ФДУ ретро, Детска програма, музичка селекција од концерти во специјалната програма на фестивалот – cinEmusic и др.

Фестивалот ќе се реализира на повеќе локации низ Скопје: Градски парк, МКЦ парк, Парк Ибни Пајко, Кино Влае, Парк Кисела вода, Кино Напредок, Кино Маџари, Дом на градежници „Кочо Рацин“ и кровот на ГТЦ.

Билетите ќе бидат по цена од 100 денари, за сите филмови, освен за филмовите од POP-UP КИНО.

За програмата во Градскиот парк, паркот Ибни Пајко и МКЦ парк, билетите по цена од 100 денари може да купат онлајн, преку bileti.mkc.mk (организаторите охрабруваат онлајн-продажба), како и на самиот влез на овие локации.

За филмовите од POP-UP КИНО бесплатни билети може да се набават само онлајн (bileti.mkc.mk).

Влезот за музичката програма е бесплатен, освен за концертот на ЗЏМ Колектив и гудачки оркестар за кој може да се набават билети по цена од 200 денари.

Со секој билет може да користите бесплатен превоз на ЈСП Скопје при доаѓање или заминување од фестивалските локации. Билетот има важност на денот на избраниот настан, во период од 19:00 до 00:00 часот.

Тагови
реклама

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе