Почнува 40. Скопско лето со оперски концерт на плоштад „Мајка Тереза“

Јубилејното 40. Скопско лето официјално ќе биде отворено вечер со гала оперски концерт на Националната опера и балет по диригентство на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ на плоштадот „Мајка Тереза“ со почеток во 21:30 часот.

Како солисти ќе настапат Весна Гиновска Илкова, Владимир Саздовски, Ѓорѓи Цуцковски, Наде Талевска – Спасовска, Маријан Николовски, Сандра Митровска, Зоран Сотиров, Павлина Новакова, Ристе Велков, Марика Поповиќ, Ирена Кавкалеска, Ана Ројдева, Александра Лазаревска и Катерина Стојановска. Ќе настапи оркестарот и хорот на Националната опера и балет.

Скопско лето 2019 ќе се одржува од 19 јуни до 31 јули на повеќе локации. Организатор на „Скопско лето“ е Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, а и оваа година фестивалот е поддржан од  Град Скопје и Министерството за култура.

Директорот на Дирекцијата за култура и уметност – Скопје Никола Глигоров пред неколку дена на прес-конференција информира дека публиката на меѓународната манифестација Скопско лето 2019 најмногу ќе може да проследи концерти, како и ликовни изложби, претстави, мултимедијални проекти, ќе има филмска програма, традиционалното кафе кино, ќе има програма и за најмладите…

– На 21 јуни, како што веќе е традиција, отворањето на Скопското лето го посветуваме на музика, на Светскиот ден на музиката истовремено одбележувајќи го и првиот ден на летото. Отворањето ќе биде со гала концерт на Националната опера и балет, рече Глигоров. Додаде дека во изминатите години повеќе од 20-тина држави, уметници и автори од целиот свет биле учесници на Скопско лето.

Во рамки на Скопско лето публиката утре ќе може да го проследи концертот на ромскиот фолклорен ансамбл „Рајко“ на плоштадот „Карпошово востание“. Се работи за уметници кои со музика се занимаваат од рана возраст и имаат репертоар што опфаќа најразличен вид музика. На 14 јули во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје концерт ќе има машкиот камерен хор „Св. Ефраим“, кој е христијански хор. Предвидена е и презентација на два унгарски филма.

Затворањето на годинашново Скопско лето ќе биде на 31 јули на плоштадот „Карпошово востание“ со концерт на Ансамблот „Танец“, кој одбележува 70 години од своето постоење. Концертот е насловен „70 лета“.

– Иако Скопско лето е во своите зрели години, останува свежо во духот, секогаш отворено за истражување и борбено, нагласи Глигоров, кој изрази благодарност до Град Скопје и Министерството за култура.

Организаторите апелираат да се следат социјалните мрежи, каде дополнително ќе бидат објавувани информации за сите настани и известувања доколку дојде до промена на локациите. Се подготвува и брошура во која ќе има текстови од учесници на Скопско лето, збогатена со фотографии.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе