Почнува 71. издание на Канскиот филмски фестивал

Во тек се последните подготовки за Канскиот филмски фестивал, кој почнува вечерва. Оваа година во борба за Златната палма ќе бидат 21 филм, а во отсуство на американските блокбастери на програмата доминираат филмови од Блискиот Исток и Азија.

Главниот постер на овогодинешниот фестивал е еден кадар од филмот „Pierrot le Fou“ на режисерот Жан-Лук Годард.

Фестивалот ќе го отвори филмот „Everybody Knows“ на наградуваниот режисер Асгара Фархадија. Овој психолошки трилер, каде во главните улоги се појавуваат Хавиер Бардем, Пенелопе Круз и Рикардо Дарин, ги следи семејните интриги и моралните дилеми на неколку жени чиј живот ќе се преврти наопаку откако ќе ја напуштат Аргентина и ќе заминат во Шпанија.

За Златната палма помеѓу останатите ќе се борат и Спајк Ли, Жан-Лук Годард и Павел Павликовски, а и оваа година фестивалот не изобилува со жени режисерки. Во конкуренција се најдоа филмовите на Французинката Ева Хусон, Либанката Надин Лабаки и Италијанката Алис Рорвахер.

Овогодинешниот фестивал носи и неколку нови правила. Оваа година е забрането сликање на селфи на црвениот тепих. Освен тоа, директорот на фестивалот во Кан, Тери Фремо, оваа година ги укина новинарските проекции на филмовите бидејќи сака критичарите, новинарите и публиката заедно да ги гледа филмовите и во исто време да го доживеат првиот впечаток за секој од филмовите.

На овогодинешниот Кански филмски фестивал за првпат ќе се натпреварува Саудиска Арабија, и тоа во категоријата посветена на краткометражни филмови.

Фестивалот оваа година ќе биде одржан во чувствителен период за филмската индустрија, поради неодамнешниот скандал со сексуално вознемирување кој ја раздрма целата филмска индустрија, посебно во САД. Со намера да придонесат за еднаквост во хиерархијата во Холивуд, голем број ѕвезди се приклучија кон движењето #MeToo, кое веројатно ќе го одбележи и овој фестивал.

Претседателка на жирито оваа година е австралиската актерка Кејт Бланшет, а меѓу членовите на жирито е и Леа Сејду, една од големиот број жени кои го обвинија Вајстин за сексуално вознемирување.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Филм & ТВ

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Read more

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Read more

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Read more

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе