Почнува аплицирањето за субвенционирање стари занаети во Скопје

Јорганџија, опинчар, јажар, крзнар, грнчар, шапкар, ковач, лимар, казанџија, копчар, свеќар, венци, сита, саатчија, ракотворби-корпар, ракотворби-изработка на сувенири, домашна ракотворба, изработка на филигран, накит и слични производи, производство на музички инструменти и самарџија, се занаетчиите кои од денеска ќе може да конкурираат за субвенции на повикот што го објави Град Скопје.

Со повикот се опфатени старите занаети и занаетчиските дејности во изумирање. Субвенциите се во висина од 10.000 денари за што во градскиот буџет се предвидени 500.000 денари преку Програмата за финансирање проекти за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата.

Рокот за доставување на апликациите е до 10.12.2022 година.

-Право на учество на јавниот повик имаат: занаетчии кои не добиле буџетски средства од проекти за субвенционирање од Град Скопје во тековната година и занаетчиите кои се регистрирани согласно Законот за занаетчиство и обавуваат занаетчиски дејности во изумирање, кои согласно обработените податоци бележат намалување на активноста во континуитет, и тоа следните занаети: јорганџија, опинчар, јажар, крзнар, грнчар, шапкар, ковач, лимар, казанџија, копчар, свеќар, венци, сита, саатчија, ракотворби-корпар, ракотворби-изработка на сувенири, домашна ракотворба, изработка на филигран, накит и слични производи, производство на музички инструменти и самарџија, наведуваат од Град Скопје.

За потребните документи и субвенционирањето, повеќе детали може да се прочитаат на https://skopje.gov.mk/media/8929/javen-povik-za-subvencii-za-zanaetgii.pdf, а информации може да се добијат и во Одделението за поддршка на развој на занаетчиство и трговија на (02) 3297-372 и 3297-328.

-Барањето за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање до Град Скопје со комплетна документација треба да се достави во затворен плик на адреса: Град Скопје, Сектор за локален економски развој, бул. „Илинден“ бр.82, 1000 Скопје (со назнака – Пријава за јавен повик за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање во градот Скопје), најдоцна до 10.12.2022 година. Исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, по принципот „Прв дојден прв услужен”, информира Градот.

Ненавремена и нецелосна документација нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата, а доколку бидат исцрпени предвидените финансиски средства, Градот Скопје ќе го објави завршувањето на Јавниот повик преку својата веб страница.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе