Почнува Берлинскиот филмски фестивал

Во Берлин вечерва почнува 72. Меѓународен филмски фестивал (Берлинале). За главните награди ќе се натпреваруваат 18 филмови.

Фестивалот ќе биде отворен со филмот „Питер фон Кант“ на режисерот Франсоа Озон, со Изабел Аџани во главната улога. Покрај него, во трката за награди се и филмовите „Со љубов и одлучност“ на Французинката Клер Дени, со Жилиет Бинош во главната улога и „Сѐ ќе биде во ред“ на француско-камбоџанскиот режисер Рити Пан. Фестивалот ќе трае до 16 февруари.

Жирито на третиот најголем европски филмски фестивал по Кан и Венеција, ќе го предводи американскиот режисер М. Најт Шајамалан. Фестивалот годинава ќе се одржува главно со физичко присуство на гостите (минатогодишното издание беше „онлајн“ поради пандемијата на коронавирусот).

Француската глумица Изабел Ипер ќе ја добие почесната „Златна мечка“ за животно дело.

„Златната мечка“ лани ја освои романскиот филм „Трнлив хаос и евтино порно“ (Babardeala cu bucluc sau porno balamuc) на режисерот Раду Жуде.

Берлинскиот меѓународен филмски фестивал е основан 1951 година, а од 1978. редовно се организира во февруари секоја година. Фестивалот доделува „Златна мечка“ за најдобар филм, „Гран-при“ на жирито, како и „Сребрени мечки“ за најдобар режисер, глумец, глумица, сценарио и филмска музика.

Во 2020 година, организаторите ја укинаа наградата „Алфред Бауер“ за режисери кои отвараат нови гледишта во кинематографијата, именувана по поранешниот директор на фестивалот, откако се откри дека тој бил поврзан со нацизмот во Германија.  

реклама

Најубавиот турски ручек според ресторански рецепт

Read more

Кои апарати во домот ќе ве чинат поскапо ако ги исклучите од струја?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Колку ќе ослабете ако се откажете од јадење леб?

Read more

Филм & ТВ

Финалето на Euphoria ќе го сруши рекордот на HBO за најдолга епизода досега

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

The Devil Wears Prada 2 ја надмина заработката на оригиналот за само две недели

Read more

OnlyFans креаторите го критикуваат ликот на Сидни Свини во Euphoria

Read more
 

Сцена

Финалето на Euphoria ќе го сруши рекордот на HBO за најдолга епизода досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Евровизија обележана со бојкот и поделба: Кој сѐ настапува и кои се фаворитите на обложувалниците?

Читај повеќе
  • play_arrow

The Devil Wears Prada 2 ја надмина заработката на оригиналот за само две недели

Читај повеќе

OnlyFans креаторите го критикуваат ликот на Сидни Свини во Euphoria

Читај повеќе
  • filter

Среќен 100-ти роденден, сер Дејвид Атeнборо!

Читај повеќе
  • play_arrow

Координаторката за интимност на Euphoria открива што се случувало на сет

Читај повеќе
  • play_arrow

На денешен ден пред 22 години се збогувавме со омилените „Пријатели“

Читај повеќе

Свини разочарана: Никој не зборува за мојата глума поради голотијата во Euphoria

Читај повеќе