Почнува четвртата вонредна состојба во земјава

Зголемениот број заразени и починати лица од коронавирусот е главна причина за четвртата вонредна состојба во државава што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски.

Оваа одлука, како што рече Пендаровски по вчерашната седница на Советот за безбедност, ја носи исклучиво за да им се овозможи на Владата и на останатите надлежни институции поефикасно да се справуваат со здравствените и со економско социјалните ефекти од пандемијата и, како што додаде, не е поврзана со датумот на предвремените парламентарни избори.

– Битката со COVID-19 сигурно ќе ја добиеме, но не смееме да се опуштаме. Мора до крај сите да останеме совесни и одговорни и да се грижиме, како за своето, така и за здравјето на нашите блиски, потенцира Пендаровски.

Шефот на државата на 18 март поради состојбата со коронавирусот првпат во државава прогласи вонредна состојба. Првите две одлуки за вонредна состојба беа во времетраење од по 30 дена, а третата што заврши вчера траеше 14 дена.

Одлуките на Пендаровски за прогласување вонредна состојба останаа непотврдени од Собранието, поради тоа што тоа беше распуштено. Ако парламентарниот состав не беше распуштен, наместо претседателот Пендаровски, Собранието ќе требаше да ги донесе одлуките за прогласување вонредна состојба, како што е предвидено со Уставот.

Првите две одлуки за вонредна состојба беа оспорени пред Уставниот суд, но тој реши дека нема основа за поведување постапка за оценување на нивната уставноста и законитост.

Според премиерот Оливер Спасовски новите 14 дена вонредна состојба се со цел да се спроведат сите мерки за справувањето со здравствената криза и со економските последици, како и за услови за одржување избори за функционално Собрание и нова политичка влада.

– Треба да ни биде јасно дека со пандемијата ќе мораме да научиме да живееме и понатаму. Тоа не е нешто што ќе заврши во Северна Македонија, ниту во светот. Едноставно, секој од нас, секој граѓанин, мора да биде свесен, да има одговорност дека мораме да живееме со пандемијата, и согласно тоа да се подготвуваме во наредниот период за такво однесување. Уште поважно е дека ние мораме да имаме институции кои што се функционални, институции кои што ќе функционираат, ќе носат одлуки во интерес на здравјето на граѓаните, во интерес на економијата, рече Спасовски.

Упати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките, да се одржува физичката дистанца, да се носи заштитна опрема, да се почитуваат протоколите донесени од Комисијата за заразни болести.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Read more

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Read more
 

Вести

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе