Со „Чао пријатно“ вечерва почнува Фестивалот на комедијата „Гола месечина“

Фестивалот на комедијата „Гола месечина“, кој е во продукција и организација на Театар Комедија и под покровителство на Општина Аеродром, ќе се одржи од вечерва до 3 октомври.

Од Театар Комедија соопштија дека поради пандемијата годинава има поинакво издание, но дека успеале да ја задржат традицијата на фестивалот. Оваа година ќе нема гостински театри од соседството и сцената ќе им биде отстапена на македонски претстави.

Во шесте фестивалски вечери публиката ќе може да гледа пет претстави од домашни продукции и еден стендап настап. Влезот за публиката и годинава е бесплатен, со тоа што ќе може да се влезе само со приложување билет поради ограничениот број на седишта, а бесплатните билети ќе може да се подигнат од билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ во Аеродром. Фестивалот ќе се одржува под посебни протоколи за одржување настани на отворено, на сцена поставена на фудбалското игралиште покрај детската градинка „Сонце“ во Реонски центар – Аеродром, соопшти Театар Комедија.

Почетокот на претставите е во 20 часот, а влезот за посетителите, кои ќе мора да носат заштитна маска, ќе биде отворен од 19 часот.

На последната фестивалска вечер ќе бидат доделени признанија и награди, меѓу кои и наградата за животно дело „Анче Џамбазова“, воведена минатата година. 

Фото: Facebook страница на „Чао пријатно“
реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе