Почнува Галичник филм фестивал – свој на своето!

Викендов, од 5 до 8 август 2021 година, со поддршка од Агенцијата за филм и Делегацијата на Европската Унија Скопје, ќе се одржи второто издание на Галичник филм фестивал.

Амфитеатарот Упија во Галичник на 1.500 метри надморска височина ќе биде домаќин на филмските проекции под отворено небо, а доцните часови се резервирани за концерти со филмска музика.

Овој млад културен настан ја промовира уметноста на краткометражниот филм, но и нови филмски автори и нивните остварувања од регионот и пошироко.

Селекцијата вклучува 26 филмови од цел свет, во три натпреварувачки категории: Игран, Документарен и Анимиран краткометражен филм.

Ќе се прикажат неколку европски премиери, но и филмски наслови со учества на Оскарите, Канскиот филмски фестивал, Санденс, ИДФА, Венецијанскиот филмски фестивал, Интернационалниот филмски фестивал во Торонто, Клермонт-Феранд фестивалот за краткометражни филмови, Филмскиот фестивал во Сараево, а сега достапни и пред македонската публика. Добитникот на Оскар за најдобар краткометражен филм, „Кожа“ на режисерот Гај Натив и номинираниот за Оскар „Собата за писма“ на режисерката Елвира Линд се само дел од врвните филмски достигнувања кои се борат за главната награда.

Домашните автори повторно имаат значајно место во програмата на Галичник филм фестивал. На отворањето на фестивалот ќе биде прикажан филмот „Налепница“ по сценарио и режија на Георги М. Унковски. Дополнително ќе имаме можност да го погледнеме и „Кавал“ на Саша Станишиќ. 

„Летечки пекинезери“ ќе ја заокружат првата фестивалска вечер со концерт на филмска музика, а DJ Чваре ќе се погрижи за атмосферата на затворањето на фестивалот.

Програмата на Галичник филм фестивал е бесплатна во целост. За повеќе информации следете ја Facebook фан страната на фестивалот и Facebook настанот.

Галичник филм фестивал е во организација на Дарма Филм и Месна Заедница Галичник.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе