Почнува ЛШ: Нови термини и дерби натпревари уште од првиот ден

Новата сезона, а со самото тоа и новите возбудувања во рамките на највозбудливото европско фудбалско натпреварување, Лигата на шампионите, официјално ни почнуваат од утре.

Првото коло од групната фаза во ЛШ се игра утре и задутре и тоа во нови термини, од 18:55 и 21:00 часот.

Она што е најново е дека веќе нема да го имаме добро познатиот термин од 20:45 часот или дополнително воведениот од 18:00, кога се играа натпреварите на кои домаќини беа руски, украински и турски клубови.

Групната фаза ќе трае до 12 октомври, а во рамките на неа ќе се одиграат вкупно 96 натпревари. Веќе на првиот натпреварувачки ден,18 септември, ќе можеме да видиме неколку исклучително атрактивни дуели во групите А, Б и Ц.

Дерби натпревари кои не очекуваат оваа недела се дуелите помеѓу Интер и Тотенхем, утре од 18:55 часот во рамките на групата Б, како и дуелот помеѓу Ливерпул и ПСЖ, меч кој исто така се игра утре со почеток од 21 часот во рамките на групата Ц.

Но, доста интересно звучат и речиси сите преостанати натпревари од првиот натпреварувачки ден во рамките на ЛШ.

Имено, во групата А, клуб Бриж ќе ја пречека Борусија Дортмунд, а и вториот натпревар од оваа група е исто така атрактивен, Монако против Атлетико Мадрид.

Покрај истакнатото дерби, одлично изгледа и вториот меч од првото коло во групата Б, бидејќи шпанскиот гигант Барселона ќе го пречека холандскиот шампион ПСВ.

Во групата Ц, покрај споменатото дерби, ќе се одигра и уште еден интересен натпревар помеѓу Црвена Ѕвезда и Наполи.

Единствената група која уште од првиот ден, барем на хартија, не ни нуди некој интересен натпревар е групата Д, која и инаку звучи најмалку возбудливо.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе