Почнува проектот „Македонски анимиран филм 1971-1991“

Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) соопшти за почеток на проектот  „Македонски анимиран филм 1971-1991“ во онлајн-форма преку лансирање на веб-страницата Macedonian-animation.com. Проектот  е поврзан со јубилејот 50 години македонски анимиран филм и е прв што го разработува и документира овој сегмент од македонската култура.

Проектот ќе вклучува биографии, артефакти од анимирани филмови, рецензии, есеи, оригинални интервјуа и многу други содржини. Поради условите наложени од пандемијата избран е дигиталниот начин на претставување и промоција – покрај веб-страницата содржините ќе бидат промовирани и достапни на социјалните мрежи Фејсбук, Твитер и Инстаграм во текот на целата 2021 година. Кога условите ќе го дозволат тоа – планирана е изложба, публикација, како и ревија на анимираните филмови.

Како што соопшти ДФРМ, приказната на македонскиот анимиран филм почнува пред речиси 50 години, во 1971, со „Ембрио No. M“ на Петар Глигоровски кој, заедно со Дарко Марковиќ, Боро Пејчинов и Делчо Михајлов, се генерацијата која ги поставува темелите на македонската анимација. Овие автори го достигнуваат својот зенит кон крајот на 1970-тите и почетокот на 1980-тите години – создавајќи извонредни филмови кои имаат учествувано и добиено значајни признанија на големи светски фестивали.

– Филмовите главно се продуцирани од „Вардар филм“, институција во која креативноста и ентузијазмот на авторите, нивниот уникатен израз и идеја за анимиран филм се спојуваат со филмското знаење и искуство. Во тоа време кон нив се приклучуваат и други автори: Афродита Марковиќ, Мице Јанкуловски, Славољуб Игњатович, Мирослав Грчев и други, кои заедно ја збогатуваат македонската кинематографија со повеќе од 30 анимирани филмови. Гледано од денешен аспект, по бројот и квалитетот на филмовите, ова може да се смета за златна доба на македонскиот анимиран филм, наведува ДФРМ.

Автори на проектот се македонскиот аниматор и ликовен уметник Иван Ивановски и филмскиот промотер Слободан Јаќоски во соработка со Друштвото на филмски работници на Македонија, Кинотеката на Северна Македонија и „Вардар филм“. Проектот е финансиски поддржан од Град Скопје.

– Овој проект е дел од програмската активност на Друштвото на филмски работници на Македонија и неговата цел е да ја запознае јавноста со творештвото на пионерските македонски аниматори од 70-тите и 80-тите години, кои и покрај мноштвото домашни и меѓународни награди се подзаборавени и не го заземаат вистинското место во македонското филмско и културно наследство, соопшти ДФРМ.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

МК сцена

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more

Почина Атина Апостолова, доајен на македонската народна музика

Read more

ДНК собраа 690.000 денари за лекувањето на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна бубамара“

Read more
 

Сцена

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе