Почнува Рамазанскиот пост

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 20 април. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење.

Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и духовно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко за болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа.

По рамазанскиот пост, на 21 април е Рамазан Бајрам, кој се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите. Рамазан е деветтиот месец во Исламскиот календар.

Првиот ден од Рамазан Бајрам е државен празник.

Времето за ифтар и суфур 

Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 17:51 часот, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 3 часот и 59 минути. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна.

Порака од поглаварот на ИВЗ

Во пресрет на Рамазанскиот пост, поглаварот на Исламската верска заедница, реисул-улема Х. Хфз. Шаќир ефенди Фетаи истакна дека најнеопходна порака за времето во кое живееме, што Рамазан му ја пренесува на нашето општество е пораката за мир, добрина и хуманост. Оваа порака, посочува тој во честитката, се рефлектира преку солидарност и милосрдие кон луѓето на кои им е потребна, бидејќи со тоа што не јадеме или пиеме, најдобро разбираме што значи да се биде мразен и да се биде сиромашен.

– Преку оваа порака се создаваат мостови меѓу богатите и сиромашните, а во срцата на луѓето буди љубов и сочувство. Пораката за зближување исто така е порака којашто ни ја пренесува овој благословен месец. Динамиката на модерното време, како и различните човечки потреби предизвикаа луѓето да се оддалечат едни од други, се оддалечат дури и најблиските членови на семејството. Преку семејните ифтари и суфири, Рамазан го обновува семејното единство, вертикално и хоризонтално. 
Друга многу важна порака што ни ја пренесува овој благословен месец е подигнувањето на моралот во општеството бидејќи Рамазан, го подобрува однесувањето на тој што пости со тоа што го отстранува од лошите дела, бидејќи постот не е дијета, или едноставно воздржување од храна, пијалок и страст, иако овие елементи го сочинуваат правниот аспект на валидноста на постот, но суштинската цел на постот е да го подигне моралот и побожноста на човекот, вели тој.

Фетаи потенцира дека Рамазан во општеството ја пренесува пораката за учење, школување и образование, бидејќи во овој месец се објави величествениот Куран. Во овој аспект, Рамазан со право може да се смета за месец на науката, образованието, книгата, моливот, писмата и пишувањето. Правилното и суштинско разбирање на овој карактер на Рамазан, според Фетаи, носи придобивки не само за нас, туку и за целото човештво, бидејќи научните достигнувања не се монопол на одредени народи, туку се општи вредности од кои имаат корист сите луѓе.

– Дозволете ми, на крајот во име на Исламската верска заедница на Република Северна Македонија, нејзините органи и образовни и едукативни институции, како и од мое лично име, вам и на нашите сонародници кои живеат и дејствуваат во западните земји, Ви посакувам лесен пост. Нека преовладува мир насекаде во светот, љубов еден кон друг, кон нашите семејства, кон пријателите, кон соседите, но и почит и толеранција кон нашите сограѓани без разлика на етничка и верска припадност, вели во честитката Реисул-Улема Фетаи.

Remote video URL
Тагови
реклама

Рани симптоми кои укажуваат на можност за мултиплекс склероза

Read more

Губење титула на бугарски начин

Read more

Рецепт на денот: Зелник од пченкарно брашно

Read more

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Култура

Духовден: Празник на Светиот дух и на основањето на Христијанската црква

Read more

Концерт на пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева во Филхармонија

Read more

Објавен конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ во 2023 година

Read more

Објавена програмата за 57. МТФ Војдан Чернодрински

Read more
 

Вести

РЕК издава сè повеќе дозволи за производство на „зелена“ струја

Читај повеќе

Со ритуал исчистен олтарот на папата, откако го осквернави гол маж

Читај повеќе

Најсмртоносна планинарска сезона на Монт Еверест: Непал ги заостри правилата

Читај повеќе

Единствена Македонија: За која интеграција во ЕУ, кое немање алтернатива и за кои европски вредности зборува СДСМ?

Читај повеќе

Лукашенко: Со Украина направивме само една грешка

Читај повеќе

Падна доларот по три недели раст, но падна и еврото

Читај повеќе

Духовден: Празник на Светиот дух и на основањето на Христијанската црква

Читај повеќе

Бујар Османи објави план во 9 чекори за деескалација и нормализација на состојбите во Косово

Читај повеќе

Патот од Љубаниште кон Охрид делумно прооден, сообраќајот се одвива наизменично

Читај повеќе