Почнува расправата за илјадниците амандмани за измените на Изборниот законик

Скопје, 17 декември 2019 (МИА) – Во Собранието за денеска е закажана седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на која треба да почне амандманската расправа за предлог-измените на Изборниот законик, кои предвидуваат една изборна единица и отворени листи.

За двата предлог-закона на помалите партии, првиот за една изборна единици и вториот за отворени листи, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ имаат поднесено илјадници амандмани, така што не се очекува расправата да заврши пред распуштањето на Собрнието на 11 февруари, поради одржувањето на предвремените парламентарни избори на 12 април.

Согласно собранискиот Деловник, со оглед на тоа што станува збор за предлог-закони што не се со европско знаменце, не може да се ограничи расправата на членовите на Комисијата.

Пратеничката група на ДУИ ги образложува илјадниците поднесени амандмани со забелешката дека процесот за измени на Изборниот законик се води еднонасочно, еднострано и оти менување на правилата на игра пред избори е опасен преседан со кој би се соочила политичката сцена во земјава. Сметаат дека изборните правила на игра мора да се донесат консензуално во согласност со сите политички партии.

И ВМРО-ДПМНЕ е на став дека секој Изборен законик треба да се донесе со што поширок партиски консензус и што подалеку од изборниот момент.

–  Не може нов Изборен законик да се носи без согласност на најголемите релевантни политички партии и да се носи еден или два месеца пред избори. Без разлика колку сегашниот или можниот иден изборен модел може да бидат подобри или помалку добри од она што денес го имаме како изборна пракса, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ од друга страна поддржува измени со кои се предвидуваат една изборна единица и отворени листи, и бара од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да ги повлечат амандманите и да се отвори дебата.

Поднесувањето на големиот број амандмани го оценуваат како обид на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за блокирање на процесот. Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ, според СДСМ, испраќаат нечесна и недржавничка порака, а оние на владиниот колаициски партнер ДУИ се сериозна причина за размислувања кои социјалдемократите ќе ги отворат.

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев вели дека со измените најмногу ќе изгубат големите партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но ќе добијат државата, помалите партии и демократијата..

Според предлагачите за една изборна единица и отворени листи, актуелната поделба на шест изборни единици е пречка за фер изборен натпревар зашто ги фаворизира големите политички партии, на сметка на помалите и на евентуалните независни листи. Помалите партии сметаат дека воведувањето една изборна единица без изборен праг и отворени листи ќе обезбеди политички плурализам и демократизација.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе