Почнува сезоната на вируси – зајакнете го имунитетот

Имаме необично високи температури за октомври во текот на денот, а утрата и ноќите се ладни. Температурните разлики, а и наглата промена на времето што се очекува се идеални за развивање на вируси и бактерии.

За да го подобрите имунитетот и да ја зајакнете отпорноста на вашиот организам треба да внесувате што е можно повеќе здрава храна.

Тоа подразбира свежо овошје и зеленчук кои се богати со витамини, минерали и растителни влакна, а да ги намалите или исфрлите намирниците со шеќер, конзерванси и други вештачки додатоци.

Овие три намирници ќе ви помогнат дополнително да го зајакнете имунитетот и да ја дочекате ладната сезона подготвени.

Мед

Природниот, чист мед е полн со антиоксиданси, ензими и минерали, како цинк, железо, калиум, калциум, магнезиум и селен. Исто така содржи и витамин B6. Ги отстранува слободните радикали од организмот и со тоа го подобрува имунитетот. Во комбинација со куркумата, емдот е исклучително моќен природен антибиотик.

Куркума

Билката куркума потекнува од Индонезија и јужна Индија, а низ историјата се користела како зачин, текстилна боја и како лек. Богата е со растителни влакна, минерали и витамини, и благодарение на нив има благотворно дејство на организмот. Содржи и фитонутриенти кои имаат противвоспалително дејство, што значи дека го чува организмот од воспалителни процеси кои следат по падот на имунитетот.

Направете напивка за зајакнување на имунитетот од следниве состојки: изрендајте парче ѓумбир, додадете лажичка куркума и исцедете еден лимон. Ова прелијте го со 4 чаши вода, добро измешајте и ставете ја напивката во фрижидер. Две чаши дневно ќе направат чуда за вашиот имунитет. Не се препорачува да правите поголеми дози и да ги чувате, туку на секои два дена да правите нова напивка.

Алое вера

Покрај моќното регенеративно дејство врз кожата, Алое верата има и исклучително влијание врз одржувањето на балансот во човечкиот организам. Богата е со витамини С и Е и спречува дехидратација на организмот. Може да ја земате во форма на гел или сок.

реклама

10 вежби за слабеење кои секој може да ги прави дома

Read more

Сенатот го поддржа Трамп: Едногласно гласаше за забрана на TikTok

Read more

КОВИД умор: Дали и вам ви е смачено од пандемијата?

Read more

200 нови случаи на коронавирус од 1.828 тестирања

Read more

Здравје

КОВИД умор: Дали и вам ви е смачено од пандемијата?

Read more

Русите не ја тестирале вакцината за COVID-19 на деца

Read more

Пандемијата ќе биде под контрола за четири до осум недели ако сите почнат да носат маска  - веднаш

Read more

Тим лекари на Кардиологија спасија повреден во сообраќајка со стентирање кое за првпат се изведува кај нас

Read more

Магазин

  • play_arrow

Направете сами: Здрави летни коктели за разладување

Читај повеќе
  • play_arrow

10 вежби за слабеење кои секој може да ги прави дома

Читај повеќе

„Татко ми без размислување го даруваше неговиот бубрег за да го спаси мојот живот“

Читај повеќе

КОВИД умор: Дали и вам ви е смачено од пандемијата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Десерт на денот: Суфле палачинки

Читај повеќе

Медицинско чудо: Бебе во „водена обвивка“ се роди на ГАК

Читај повеќе
  • filter

Поглед во луксузниот дом на Џенифер Лоренс, вреден 10 милиони долари

Читај повеќе
  • filter

Virgin Galactic и Rolls Royce претставија надзвучен авион

Читај повеќе

Хороскопски знаци кои најлесно ги освојуваат женските срца

Читај повеќе