Почнува Вевчанскиот карневал

Вевчани, 12 јануари 2019 (МИА) – Со настап на рок групата „Архангел“, Неша од  групата „ Галија“, Културно уметнички работници и ди-џеј Рутбој денеска почнува годинашниот Вевчански карневал.

За дочекот на Новата година, според Јулијанскиот календар,  односно утревечер, задолжени се „Кате и Нели ти реков“, „Баклава“, „Џубокс бенд“ и оркестар „Зурли и тапани“ од Вевчани.

Утре напладне ќе почне дефилето на василичарите, каде се очекуваат над 1.000 поединечни и групни маски, а Вевчани и годинава ќе биде театар на отворено, без режија и сценарио. Покрај  традиционалните маски на зетот и невестата, глупавиот август и ѓаволите, ќе бидат прикажани и маски со настани што ја одбележаа изминатата година. Вевчанци ќе кажат се, но до карневалското дефиле не откриваат во што ќе бидат маскирани.

Двете василичарски друштва Горна и Долна маала со зетот, невестата, двата ѓаволи, глупавите августи и останатите маски инспирирани од актуелните политички и секојдневни случувања во изминатите 12 месеци ќе продефилираат низ вевчанските улици. Вевчани ќе наликува на театар на отворено, а секое карневалско издание за вевчанци е доживување и инспирација за изработка на маска за следната година.

Во утринските часови традиционално невестите од двете маала заедно со гостите одат на Вевчанските извори да наполнат вода со која се прави вевчанскиот кашаник (зелник) во кој се става паричката. Кај оној што ќе се падне паричката ќе биде среќен и бериќетен во текот на целата година. Според традицијата, утре Василичарите ќе одат од куќа во куќа каде што има име Васил да му честитаат и околу пладне доаѓаат во центарот на Вевчани каде што ги играат василичарските ора. Манифестацијата ќе заврши со традиционалното палење на маските во центарот на Вевчани, во попладневните часови. Со палењето на маските се верува дека се ослободуваат од злото и дека годината ќе им биде среќна и бериќетна.

Вевчанскиот карневал, кој датира од настанокот на Вевчани, со традиција од околу 15 века симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на паганството, а другиот на христијанството. Задолжителни елементи се зетот и невестата кои се симбол на плодноста и продолжувањето на семејството, двата ѓавола, кои се олицетворение на злото и двајцата глупи августи кои ги штитат од злото.

Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на новата година по стариот, Јулијанскиот календар. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе