Херои и антихерои во италијанскиот филм

Почнува XXII Недела на италијанската кинематографија

Од 16 до 23 мај 2022 година - по трагите на успехот на претходните изданија - во „Кинотека на Северна Македонија“ во Скопје ќе се одржи XXII Недела на италијанската кинематографија, филмска ревија на италијански филмови, оваа година посветена на хероите и антихероите во италијанскиот филм.

Настанот во организација на Амбасадата на Италија ќе биде отворен на денеска во 20:00 часот со проекција на филмот „Lo chiamavano Jeeg Robot“ (Го нарекуваа Џиг Робот) од 2015 година, оригинален трилер-фантазија во режија на Габриеле Маинети. Главна улога е Клаудио Сантамариа, кој со овој филм ја доби престижната награда Давид ди Донатело за најдобар главен актер, толкувајќи ја улогата на ситен криминалец од предградието кој се претвора во позитивен и непобедлив херој.

Remote video URL

За Неделата сите филмови се преведени и титлувани на македонски јазик. Неделата ќе продолжи со прикажување на серија неодамнешни филмови, со меѓународно познати актери како Стефано Акорси и Матилда Де Анџелис, главни улоги на филмот „Veloce come il vento“ (Брз како ветрот, 2016), инспириран од вистинската приказна на рели возачот Карло Капоне. Овој филм ќе се прикажува во вторник.

Remote video URL

Во среда и четврток два филма кои влегоа во историјата на италијанската кинематографија: „Mamma Roma“ (Мама Рома, во режија на Пјер Паоло Пазолини од 1962 година, со извонредната и незаборавна Ана Мањани, и конечно „Una vita difficile“ (Тежок живот, 1961) со величествениот Алберто Сорди кој заедно со Леа Масари толкува емблематичен лик на идеалист кој ги претставува промените што ги претрпеа Италија и Италијанците од повоениот период до годините на економскиот бум.

Remote video URL
Remote video URL

Петокот е резервиран за комедијата „Italians“ (Италијанци) од 2009 со Карло Вердоне, Рикардо Скамарчо и Серџо Кастелито.

Remote video URL

Во сабота доаѓа „Tutto il mio folle amore“ (Сета моја луда љубов, 2019) - возбудливо патување низ Балканот - со Диего Абатантуоно, Валерија Голино и Клаудио Сантамариа.

Remote video URL

Неделата се затвора в недела кога Елио Џермано, Изабела Рагонезе, Раул Бова, Лука Ѕингарети и Стефаниа Монторси ќе бидат протагонисти на драматичната и деликатна „La nostra vita“ (Нашиот живот, 2010).

Remote video URL

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе