Почнуваат 58. Струшки вечери на поезијата

Скопје, 21 август 2019 (МИА) – Со традиционалната и препознатлива програма, но и со нови содржини вечер на платото пред Центарот за култура во Струга, почнува 58-мото издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата. Половина час подоцна на истото место ќе почне поетското читање „Поетски меридијани“.

Фестивалот ќе трае до 26 август и во него ќе учествуваат 32 странски и 30 домашни поети, програмата има 52 настани, а покрај Струга како град-домаќин, каде ќе се одржат најголем дел од настаните, поетите во рамките на програмата „Поезија на пат“ ќе се претстават и во Охрид, Калишта, Куманово, Велес, Прилеп, Небрегово и Скопје.

Фестивалските настани почнуваат изутринава во 10 часот со садење дрво во Паркот на поезијата во Струга и поетско читање во чест на добитникот на „Златен венец“ на Струшките вечери на позијата за 2019 година, славната романска поетеса Ана Бландијана.

Една од новините во фестивалската содржина, која се смета дека ќе стане значителен белег на светски познатиот фестивал, е „Поетската порака“. Автор на годинашната „Поетска порака“, која ќе биде прочитана на церемонијата на  отворањето на фестивалот е истакнатиот македонски поет Влада Урошевиќ, на кој по повод 85-годишниот јубилеј во рамките на програмата му е посветен посебен термин за поетски портрет.

Фестивалот на учесниците и публиката ќе им понуди уште неколку новитети. Освен на македонски и англиски јазик, главните читања на фестивалот ќе бидат и на албански и француски јазик. Најголемиот дел од настаните ќе бидат пренесувани во живо на официјалниот YouТube канал.

За гала отворањето и за затворањето на фестивалот ќе биде обезбеден превоз од Скопје преку два правци: Скопје-Кичево-Струга и Скопје-Велес-Битола-Струга, а по завршувањето на настанот, ќе има враќање истата вечер.

Како новитет, Струшки вечери на поезијата годинава преку повикот за волонтери, отвори можност за млади луѓе, вљубеници во пишаниот збор, да се ангажираат во логистичкиот дел на фестивалот и да добијат можност да се запознаат и да се дружат со врвни поетски имиња.

Програмата утре ќе продолжи во 10 часот во хотелот Дрим со Портрет на Зоран Анчевски, добитникот на наградата „Браќа Миладиновци” за 2018 година.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more
 

Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе