Почнуваат карневалските свечености во Прилеп, в недела е главното дефиле со 500 учесници

Околу 500 учесници од земјава со 20 групни маски и поединци ќе дефилираат в недела во центарот на Прилеп на 21-от по ред карневал Прочка 2023. Главното карневалско дефиле ќе го предводат традиционалните маски Прилепските мечкари, како заштитниот знак на Прилеп.

Карневалските свечености по 21-пат ќе започнат утре напладне во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ со отворањето на традиционалната изложба на маски на учениците од основните и од средните училишта во Прилеп. За време на карневалскиот викенд градот подготви голема забава и за учесниците и за гостите.

Како што објаснува Снежана Ристеска, советник за култура во општина Прилеп, овие денови во градот ќе бидат во знакот на карневалот, маскирањето, умешноста во изработката на маски и големата забава со придружни занимливости.

– Активностите почнуваат утре со отворањето на изложбата на маски во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“. Изложбата на маските ќе биде пригодно отворена утре во 11 часот. Ќе бидеме сведоци на голем број оригинални креации на маски од вредните раце на учениците од основните и од средните училишта во Прилеп. Тие се нашите најмлади партнери и учесници кои ќе го продолжат да го негуваат ова богато културно наследство и да ја чуваат традицијата. Стручна комисија во три категории ќе ги одбере најдобрите маски: за маски изработени од ученици до VI одделение, во втората категорија се маски од ученици од VI до IX одделение и за маски на средношколците, изјави Ристеска.

Централен настан е дефилето на маските во недела на 26 февруари напладне, на Прочка. Ќе се претстават повеќе од 20 групни маски од градот и од цела Македонија. Има пријавено маски од Куратица, од Мокриево, од Бегниште, Струмица, од Пробиштип, Охрид, така што очекуваме повеќе од 500 учесници да продефилираат по булеварот „Гоце Делчев“. Централното претставување со кореографија и со музика ќе биде пред бината на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“. Ќе има и куклено и магионичарско шоу.

– Едноставно, Прилеп е сцена каде ќе се случуваат повеќе карневалски настани. Рестораните, кафулињата и кафетериите ќе имаат своја карневалска програма. Со одлука на прилепскиот совет, забавата ќе може да трае и до утринските часови. Официјалното пријавување маски е завршено, но остануваме отворени за секој што ќе се пријави, појаснува Ристеска.

Ванчо Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари“ нагласи дека препознатливата и заштитна маска на Прилеп, Мечкарите е подготвена да ја продолжи вековната традиција.

– И овој пат, традиционално заштитната маска на градот, Мечкарите, ќе го отворат карневалот в недела. Мечкарите веќе ја подготвија и ја усовршија својата маска. Направија нови костими. Маската е симболот на Прилеп, но и на Македонија бидејќи со овој вид маски сме единствени. Имаме настапувано во повеќе европски земји. Карневалот е дојден до степен кога треба да се покажат автентичните работи на нашето поднебје, вели Георгиев.

За најдобрите маски на карневалското дефиле в недела, на Прочка, ќе одлучува стручно жири. Наградените ќе добијат ваучер за да може да бидат претставени на државни и меѓународни карневалски манифестации.

реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Култура

Почнува Рамазанскиот пост

Read more

Ќе се основа национална установа Оркестар за џез музика во Скопје

Read more

Почина актерот Димче Мешковски

Read more

Прогласување на лауреатите на Струшките вечери на поезијата и поетско читање по повод Светскиот ден на поезијата

Read more
 

Вести

Спречен транспорт на дрога вредна 100.000 евра, претреси во Арачиново, приведени двајца дилери

Читај повеќе

Се прават анализи кои цени можат да се ограничат, без да има дисбаланс на пазарот

Читај повеќе

Поскапе патарината во Србија

Читај повеќе

При полициска акција на наплатна рампа кај Тетово запленето големо количество дрога

Читај повеќе

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски ја повика Бугарија да ги почитува пресудите на Судот за човекови права во Стразбур

Читај повеќе

Очекуваниот животен век во ЕУ намален во 2021 година на 80,1, кај нас на 73,2 години

Читај повеќе

УЈП: Апликацијата МојДДВ е прилагодена за скенирање до 2.100 денари

Читај повеќе

Кој всушност користи муниција со осиромашен ураниум и колку е таа опасна?

Читај повеќе