Почнуваат манифестациите „Звуците на чаршијата“ и „Сите заедно“

Манифестациите „Звуците на чаршијата“ и „Сите заедно“ ќе се одржат денеска и утре на тесните улички на Старата скопска чаршија, каде голем број уметници ќе творат и ќе ги забавуваат скопјани.

Преку многубројните концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија, презентација на занаети и годинава Старата скопска чаршија ќе живее во духот на традицијата.  

„Звуците на чаршијата“ е мултимедијална и мултикултурна манифестација која што се одржува по 10 пат и има за цел да потсети на заборавената традиција, да оживее некои недоволно посетени простори на Скопје и да придонесе кон еманципација на културно неизградените средини, но и да даде придонес кон континуираните активности на Градот Скопје за ревитализација на Старата скопска чаршија.

Програмата на манифестациите „Звуците на чаршијата" и „Сите заедно“, ќе биде богата, а присутните граѓани ќе имаат можност во четврток на плоштадот Филип Втори од  21:00 часот, да уживаат во настапот на  Kida&Mozzik и бендот „Тyzze", а на 16 септември во 12 часот  да се забавуваат со  Dens, потоа во изведба на староградски македонски песни, во настапот на група на млади музичари на класични инструменти, ликовна колонија, културно уметнички друштва и литературна вечер до 20 часот,  а од 21 до 24 часот на плоштадот  Филип Втори, ќе се одржат настапите на: Банд, Full Stop, DhurataDora, McKresa&Lirical son.

Градот Скопје од својот буџет за реализација на манифестацијата „Звуците на чаршијата“ издвои 900. 000 денари, а за „Сите заедно“ 400.000 денари.

 

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе