Почнуваат преговорите за нова Влада: Што очекуваат Ахмети, Мицкоски и Заев?

Скопје, 4 август 2020 (МИА) – Денеска во Собранието на Република Северна Македонија, согласно здравствените протоколи за заштита од ширење на COVID-19, во салата Голема купола се одржа конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав каде присуствуаа 117 од вкупно 120 пратеници избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули.

На изборите кои се одржаа на 15 јули коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата „За обнова на Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15, коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива – 12, Левица – два и ДПА – еден мандат.

Ахмети: Преговорите за формирање влада може да почнат, уште нема ништо конкретно

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска по завршување на конститутивната седница на Собранието изјави дека преговорите за формирање нова Влада може да почнат, но оти уште нема ништо конкретно.

-Денеска беше конститутирано Собраието, сега ќе видиме која ќе биде агендата и кои ќе бидат приоритетите на Собранието, така што рано е да зборуваме за очекувањата, изјави Ахмети за Алсат М.

Тој додаде дека денеска може да почнат преговорите за формирање влада, но оти уште нема ништо конкретно.

Мицкоски: Политиката не е пазар, туку мудрост и филозофија

За мене политиката не е пазар и тоа е погрешното што се случуваше во минатиот парламентарен состав, туку е филозофија, а за некој пратеник да поддржи одредена политичка опција, треба да има определна точка која ќе го поврзе со програмата што ја нуди таа политичка опција. Врз основа на разговорите и на луѓето во кои бескрајно верувам и се дел од пратеничката група „За обнова на Македонија“, не сметам дека постои некој што ќе ја поддржи програмата на Заев, која би била програма за работа на идна влада предводена од СДСМ, рече денеска лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по конституирањето на новиот собраниски состав.

Одговорајќи на новинарски прашања по обраќањето, Мицкоски уште еднаш изрази уверување дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада, која, како што истакна, треба да биде реформска, со јасен план и визија за справување со предизвиците.

Мицкоски најави дека во периодот што следи ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зачести средбите со политичките партии кои се дел од сегашниот парламентарен состав, но не само со оние од албанскиот блок, туку и со оние од коалицијата на СДСМ. Можеби и тие, рече, ќе ја препознаат реформската програма на ВМРО-ДПМНЕ и ќе ја поддржат.

Искуствата од претходниот парламентарен состав, оцени Мицкоски, не може да бидат применети од овој состав.

-Да оставиме времето да покаже кој ќе го формира парламентарното мнозинство. Да, на оние пратеници на кои им се пристапени мистериозни личности кои се повикуваат на раководството на СДСМ, пријдоа, кажаа и со згорзување ги одбја. И јас со згрозување одбивам да коменитрам ваков вид пазар зашто на тој начин само ги демотивираме и деморализираме нашите сограѓани за следните избори кои на една година од сега ќе бидат локални. Верувам во политичка мудрост, политичка програма и политичка филозифија , а не на пазар како што се случуваше во претходниот парламентарен состав, нагласи Мицкоски.

Тој рече дека со Заев единствено се согласува дека е потребно формирање стабилна, реформски ориентирана влада, без коруптивни афери, во која ќе партиципираат луѓе необременти со коруптивни афери и криминал, која ќе ги спроведе реформите и на која притоа приоритет ќе и бидат судтсвото, здравството и образованието.

Во однос на претстојните преговори, рече дека координација засега немале, се координирале, како што бил информиран, само кориднаторите на пратеничките групи од претходниот собраниски состав.

На прашањето за ДПА, Мицкоски одговори дека Мендух Тачи своеволно ќе одлучи која програма ќе ја поддржи.

-На состаноците што претстојат очекувам Тачи да донесе вистинска одлука, дали ќе остане во опозиција, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во оваа прилика се извини за квалификацијата што претходно ја кажа Зоран Заев, кога, обраќајќи се на еден од новинарите му рече дека работи за „провладин медиум“.

-Првпат слушнав дека имало и провладин медиум. Згрозен сум од таквото обраќање. Јас во негово име се извинувам за таквото недолично однесување, истакна Мицкоски.

Заев: Уверен сум дека ќе формираме стабилна влада со четиригодишен мандат

Лидерот на СДСМ Зоран Заев соопшти дека неговата партија од денеска ги почнува средбите и разговорите со другите партии, дека ќе се види со сите претседатели на партии од албанскиот политички блок и работните групи и членови на партиските раководства ќе имаат постојани средби на повеќе нивоа додека трае преговорачкиот процес за коалиција и составување парламентарно мнозинство.

Очекува резултати во наредните десет до 15 дена и тоа ќе го соопштат не по секоја средба зашто, како што рече, не ни очекуваат напредок уште на првите средби, но дека за исчекорите јавноста ќе биде известена.

Заев е уверен дека ќе успее да формира стабилна и успешна влада со мандат од четири години.

-Ова го темелиме на основ на бројките. Бројките се доволно големи за да бидат гаранција за стабилна влада. Вториот аргумент е моето лично верување во успехот на работењето на оваа влада во услови кога немате проблем со Грција, немате проблем со Бугарија, а внатрешно Македонци, Албанци и сите други заедници ги имаме надминато најголемите проблеми кои ни се влечеле во минатото. Сега останува мегданот да работиме дома. Тоа е мој терен. Повеќе министер за надворешни работи нема да биде Зоран Заев, ќе си има министер за надворешни раобти. Очекувам да работиме дома, истакна Заев по завршување на конститутивната седница на Собранието.

Мојата лична верба, рече тој, но и на раководството на СДСМ и на нашатга коалиција е втората сериозна гаранција за четири успешни години.

-Верувам дека ќе раснеме во квалитетот за живот на нашите граѓани и ова е сериозна гаранција покрај бројките кои мора да бидат секако стабилни за четиригодишен мандат, истакна лидерот на СДСМ додавајќи дека големата бројка може да биде постигната и со ДУИ и со Алијанса и со Алтернатива.

Тој најави дека во новата влада ќе бидат укинати министрите без ресор, ветување од предизборната кампања.

– Ветивме во самата кампања дека министрите без ресор кои што се до крај министри без ресор ќе ги скратиме. Тоа значи дека министрите коишто се бираат без ресор, а се сектор за европски прашања и потпретседател на Влада за економски прашања се на разгледување, но сите други ќе се намалат.

Државата по Законот за Влада има 16 министерства, дополнително тие што беа 26 ќе бидат намалени како министри во Владата, истакна Заев.

Тој изрази уверување дека ќе создадат стабилна Влада која што ќе трае четири години, која што ќе се зафати со проблемите дома, пред се со правдата и економијата.

– Јас сум многу среќен после сите историски одлуки што ги донесовме, а тоа е решен проблем со Бугарија, решен проболем со Грција, Северна Македонија е членка на НАТО, Северна Македонија по 15 години доби одлука за почеток на преговори и од претседавачот Германија, преку канцеларката Ангела Меркел, е најавено дека до крајот на годината за време на германското претседателство ги отвараме првите поглавја. Го донесовме Законот за употребата на јазиците, ја смиривме етнички душата на нашата заедничка земја, успесите коишто ги постигнавме на меѓународен план беа пропратени со сериозни успеси на домашен план, потенцираше лидерот на СДСМ.

Тој нагласи оти е убеден ден успесите и плодовите од тие успеси ќе ги жнеат сите граѓани поднеднаково на нашата земја.

– Успесите се дефинирани на крајот со суперлативи во делот на зборовите од целиот свет. Апсолутно за мене најголемиот суперлатив го дадоа граѓаните, рече Заев.

Тагови
реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Read more

Без вода дел од Карпош

Read more

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Read more

Од ДУИ ме нарекуваат анти Албанец и ксенофоб затоа што гласно говорам за нивниот криминал, рече Мицкоски

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Андерс Рослунд во Скопје: Генијалниот автор на крими жанрот доаѓа на Саемот на книга

Читај повеќе

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Читај повеќе

Временски сензации – изложба на скулптурите од керамика на Боро Новаковски

Читај повеќе

Најмалку 20 тела во распаѓање пронајдени на брод во Бразил

Читај повеќе

Без вода дел од Карпош

Читај повеќе

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: Група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Читај повеќе

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Читај повеќе

Г7 подготвува мерки против Иран

Читај повеќе