Македонија

Почувствуван земјотрес во охридскиот регион

21. јануари 2018 - 16:28 | Макфакс

Слаб земјотрес со јачина од 2,5 степени попладнево бил почувствуван во охридскиот регион.

Земјотресот бил со епицентар на 6 километри источно од Охрид на длабочина од 6 километри.

Овој регион беше погоден од серија земјотреси на почетокот на летото, минатата година.

Коментирај