Наука

Под глечерот Денман откриена најдлабоката точка на Земјата

12. декември 2019 - 20:48 | Б.С.Б.

Три и пол километри под нивото на морето, под глечерот Денман, е откриена најдлабоката точка на Земјата, пренесува BBC.

Најдлабоката точка на континенталната кора на Земјата е идентификувана на источниот дел на Антарктикот, под глечерот Денман. Овој кањон исполнет со лед достигнува 3,5 километри под нивото на морето. Откритието е илустрирано на новата мапа на Белиот континент.

Досега најниското тло на Земјата е измерено на брегот на Мртвото Море, а се наоѓа на само 413 метри под нивото на морето.

„Несомнено ова е најточниот портрет на тоа што се наоѓа под ледената плоча на Антарктикот. Рововите во океаните се подлабоки, но ова е најдлабокиот кањон на копното“, објаснува Метју Морлигем кој на овој проект работел 6 години.

Научниците неколку пати се обидуваа да снимат звук од дното на Денман, но безуспешно.

Коментирај