Подарок што пропатува цел океан за да стигне во Крушево

Илјадниците километри оддалеченост од Марија во еден миг исчезнаа кога Жаклина Палеска Трајчулеска го доби подарокот што во име не нејзината ќеркаѝ го достави тимот на Септолете Тотал на прагот од нејзиниот дом во Крушево.

Имено, Жаклина е една од трите мајки кои беа одбрани во јавниот повик инициран од Септолете Тотал во намерата да израдува една посебна мајка, номинирана од своите најблиски, мајка која ја користела моќта на своето грло да инспирира, мотивира, поддржи или ги охрабри своите најмили.

Со оваа иницијатива Септолете Тотал сакаше да оддаде должна почит и восхит кон мајките, во насока на препознавање на жените што имаат позитивна улога во животот на своите најмили, мајките што благосостојбата на своите деца ја ставиле над своите потреби и голем дел од својот живот го посветиле во зајакнување на потенцијалите на своите деца.

Во многуте пристигнати пораки и писма, тимот на Септолете Тотал ги препозна трите писма во кои најавтентично, најверодостојно и најживописно е раскажана улогата и придонесот на мајката.

Марија Трајчулеска, која во моментов престојува во САД, ја испрати својата порака, надевајќи се дека ќе биде една од избраните поединци кои сакаат да ја израдуваат својата мајка со мал момент што ќе ѝ го стопли срцето. Среќата ѝ се насмевна кога Септолете Тотал во нејзино име испрати пакет со подароци и писмо до Жаклина.

„Солзи радосници, возбуда и неверување беа првите реакции кога го отворив подарокот и го прочитав писмото што во име на мојата ќерка Марија го добив од Септолете Тотал. По тоа следуваше цел час разговор по скајп со ќерка ми и образложување како овој подарок во суштина го пропатува целиот океан и стигна до мене. Верувам дека секоја мајка го прави она што смета дека е најдобро за своите деца и никогаш не очекува ништо за возврат, но кога ќе добиете вакво признание од сопственото дете, знаете дека ништо не било залудно“, изјави Жаклина Палеска Трајчулеска, една од наградените мајки.

Со оваа иницијатива Септолете Тотал сакаше не само формално, туку и суштински да ги демонстрира своите вредности, како бренд што се залага за препознавање и искажување на благодарност кон мајките, но и кон сите други поединци што имаат позитивен импакт во животот на останатите.

Моќта на грлото е огромна и тоа ни овозможува да се изразиме најдобро што знаеме. Тоа е основната идеја зад Септолете Тотал, што ја слави моќта на здравото грло и моќта на мајката од своето дете да култивира поединец полн со љубов, сочувство и грижа за својот родител.

*Спонзориран текст

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more
 

Вести

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе