Поддржувачите на Вучиќ фрлаа со јајца кон студентите во Белград

На протестот во Белград синоќа беше уапсена девојка откако фрлала со јајца кон приврзаниците на Вучиќ.

„Од правец на пазарот Џерма, каде цел ден и вечерва беа собрани активисти на СНС, во еден момент кон нас почнаа да летаат јајца, а граѓаните стоеја од другата страна. Една девојка возврати, но веднаш пристигнаа полицајци во цивил, ја приведоа и ја однесоа во автомобил“, изјави за Н1 новинарката Јована Полиќ.

Покрај активистите на СНС, таму цел ден беа присутни луѓе облечени во црни јакни со качулки, меѓу кои и поранешниот министер за информации и телекомуникации Михаило Јовановиќ.

„Девојката што фрли јајце на ‘напредните’ е Милица Шкориќ, но таа само возврати на фрлањето со јајца од ‘напредните’. Тие се овде во Џерам по цел ден и пазарот е отворен само за нив. Полицијата не реагираше кога фрлаа јајца, но кога Милица го стори тоа, ѝ пријдоа полицајци во цивил, ја приведоа и ја одведоа во автомобил без полициски ознаки или таблички“, рече Полиќ.

Таа посочува дека граѓани веднаш ја преминале улицата и го блокирале патот и преминот на полицискиот автомобил, по што Милица била пуштена.

Тагови
реклама

Колку пати неделно треба да имате секс за да спречите депресија?

Read more

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

Mercedes-Benz од 2026 година ќе започне со производство на автомобил со drive-by-wire систем

Read more

Зошто папата Франциск цело време одбиваше да ја посети Шпанија?

Read more

Регион

Додик по обидот да биде уапсен: Србите нема да одат во војна - но вие обидете се

Read more

Луѓето бегаат во паника во Истанбул, властите со предупредувања: Постои страв од посилен земјотрес

Read more

Десничарот Јанша ослободен од сите обвиненија

Read more

Дали Србија се претвора во рударска колонија на ЕУ?

Read more
 

Вести

Осомничени уште 3 лица во предметот Адитив, меѓу нив и претседателката на Антикорупциска

Читај повеќе

Мицкоски: Ако работодавачите и работниците се договорат за минималната плата, Владата ќе го прифати договореното

Читај повеќе

Макрон: Зеленски не може да се согласи на примирје додека ракети паѓаат врз Киев

Читај повеќе

Мицкоски: Мерките дадоа резултат, цените на храната се намалија дури и според кошничката од синдикатот

Читај повеќе

Таравари го поддржа апсењето лекари: Сите што грешат нека одговараат

Читај повеќе

Премиера на претставата за деца Жива досада на 8 мај во МНТ

Читај повеќе

Трамп за жестокиот напад на Киев: Владимире, престани!

Читај повеќе

Кина контра САД: Не сме одржале преговори за царините

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Зошто папата Франциск цело време одбиваше да ја посети Шпанија?

Читај повеќе