Подготовки за училиште со веселата глина на Jumping Clay

Не мора да сте педијатар или педагог за да знаете дека учењето низ игра е најкорисно и најзабавно. Уште подобро е ако малите генијалци се ангажираат во некој креативен процес. Бројни светски истражувања покажуваат дека токму работата со глина или пластелин е особено корисна за малите генијалци од предучилишна и училишна возраст. Конкретно кај децата од тригодишна возраст ги развива фината моторика и фантазијата, придонесува за развој на говорот, овозможува детето да добие самодоверба.

Целта на концептот зад веселата глина на Jumping Clay е да отиде неколку чекори понапред– да ја надополни листата со придобивки од работата со глината, а истовремено и да ги надмине сите негативни страни на останатите слични производи на пазарот. За тоа колку е корисна работата со веселата глина доволно зборува фактот дека во светот се користи и во терапевтски програми за рехабилитација на некои пациенти со физички и ментални пречки.

За најмалите креативци особено корисни се курсевите за предучилишна возраст на кои децата со помош од сертифицирани инструктори прават фигури од веселата глина. Слоганот е „глина не е само да се гмечи и сучи, со неа неа се игра и се учи“, а зад него се крие креативен и забавен процес на едукација низ кој најмалите ги развиваат сите вештини кои потоа ќе им бидат корисни кога ќе седнат в клупа. Децата низ работата со глината ги учат различните бои, форми, а добиваат чувство за симетрија, величина, простор и содржина. Низ целиот процес на гмечење глина, без да почувствуваат замор и без да им е здодевно учат, набљудуваат, анализираат, решаваат проблеми... Особено е важно што почнуваат да размислуваат сами, развиваат свои идеи, стекнуваат самодоверба, стануваат љубопитни и ги развиваат и подобруваат друштвените интеракциски вештини кога работат во група. Jumping Clay има 9 основни бои кои многу лесно се мешаат и создаваат неограничена палета на бои. Малите генијалци така ја развиваат својата креативност и фантазијата, а што е најважно ја применуваат во пракса и ја обликуваат во 3Д. Уметничките вештини се подобруваат со мек материјал што создава подобра емотивна состојба, бидејќи е особено пријатен за работа.

Jumping Clay потекнува од Јужна Кореја. Највеселата глина на светот е создадена по 25 години темелно истражување и развивање по што основачите дошле до токму оваа полимерна смеса за моделирање која е уникатна и иновативна. Откако ќе се направи посакуваната фигура, само се остава на воздух да се исуши, бидејќи уште една предност е тоа што нема потреба да се пече. Станува збор за уникатна полимерна глина со мирис на јасмин, која не предизвикува алергија, ги има поминато сите тестирања на храна, не содржи глутен и не е токсична дури и доколку случајно се стави в уста или се проголта. Веселата глина содржи нано-сребрена технологија која го спречува ширењето бактерии, што значи дека антибактериските честички ги чистат детските рачиња. Не прави неред, а кога од неа ќе се направи топка веселата глина потскокнува. Оттука е и веселото име.

Повеќе информации за курсевите специјализирани за подготовка за на училиште можете да добиете во најголемиот детски креативен центар кај нас на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 54, како и на телефонските броеви: 078/309-559 и 070/268-858.

*Промотивен текст

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Живот

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Read more
 

Магазин

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе