Рецепти

Подгответе колач со јаболка и пудинг од ванила без печење

11. септември 2017 - 16:19 | М.Д.

За подготовка на овој колач не ви е потребно печење, а исто така не бара и никакви особени кулинарски вештини.

Ова е одличен десерт кој стои и може да се јаде на подолг период.

Потребно:

1 килограм јаболки

6 децилитри вода

150 грама шеќер

2 кесички пудинг од ванила

1 кесичка цимет

2 кутии бисквити

Шеќер во прав за поросување

Подготовка:

-Измијте ги, излупете ги и изрендајте ги јаболката

-Ставете ги да се варат во водата во која претходно сте го додале шеќерот

-Варете 5 до 10 минути. Разматете ги двете кесички пудинг со 12 лажици ладна вода.

-Потоа додајте го изматениот пудинг и малку цимет, потоа варете и мешате додека смесата не се згусти.

-Во тепсија наредете ред бисквити, па ред фил од јаболка со пудинг.

-Декорирајте ја тортата со шлаг- пена

Коментирај