Рецепти

Подгответе топла чоколада за студените зимски денови

17. јануари 2020 - 9:04 | М.С.

Овој рецепт ќе ве стопли во студените зимски денови коишто се пред нас. Изберени се само најдобрите состојки – наместо коцки чоколадо, искористете слатки урми кои ќе ви дадат енергија и индиски ореви кои се одлични за организмот.

Доколку ве фаќа настинка, може да додадете и 1 лажица цимет во прав, ¼ лажица куркума во прав и малку изрендан корен од ѓумбир.

Состојки:

300 мл. топла вода или млеко од бадем/кокос/ванила

30 гр. путер од какао

5 свежи урми

20 гр. индиски ореви

10 гр. какао во прав

Малку хималајска сол

Малку мускатно оревче во прав

И по желба, малку кардамон

Начин на подготовка:

Стоплете ја водата или млекото, па ставете ги сите состојки во блендер. Топлата вода ќе го стопи путерот од какао, но внимавајте да не останат грутки.

Додајте шеќер на урмите по вкус, а индиските ореви ќе дадат густина на пијалакот. Доколку сте алергични на јаткасти плодови, може да ги замените со банана.

Блендирајте околу 1 минута. Сервирајте со кокос одозгора.

Коментирај