Во Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), во вторникот е поднесено барање за Вонредно собрание. На Вонредното собрание ќе се гласа за смена на актуелниот претседател, Перо Антиќ.

Иницијаторите за смена на актуелното раководство на Федерацијата се обидоа да му изгласат недоверба на Антиќ во декември минатата година, но тој тогаш најде дупка во правилникот и си купи уште неколку месеци на функцијата.
Иницијативата за смена на Антиќ ја поднел поранешниот репрезентативец Младен Ѓуровски. Тој има поддршка од 37 членки на Собранието.
КФСМ мора во рок од две недели да го закаже Вонредното собрание, доколку тоа не се случи инцијаторите имаат право сами да го организираат.