Поднесена петиција со десет милиони потписи за импичмент на Трамп

Вашингтон, 10 мај 2019 (МИА) – Демократите и либералните организации поднесоа петиции со вкупно десет милиони потписи во Вашингтон, барајќи од Конгресот да покрене постапка за отповикување на републиканскиот претседател Доналд Трамп.

Пред Капитол, седиштето на Конгресот, каде се поставени плочи на кои пишува „Трамп мора да замине“, двајцата претставници, Рашида Тлаиб и Ал Грин, со претставници на здруженија, предадоа УСБ со собраните потписи.

– Во раце држиме десет милиони причини поради кои сме денеска овде, рече Ал Грин.

Тлаиб, пак, која неколку месеци бара оставка од Трамп, рече дека „во ова време, кое е исклучително мачно за нашата земја, време е да се бориме“.

Таа е во Долниот дом од јануари, а во март поднесе резолуција во која го повикува Одборот за правосудство да истражи дали има причини за отповикување на претседателот.

Раководството на Демократската партија, за разлика од нејзиното либерално крило, сепак, ги смирува страстите, истакнувајќи дека постапката за отповикување, која е непопуларна во анкетите, може длабоко да ја подели земјата која има 325 милиони жители, а се ближат избори во 2020 година.

Иако демократите имаат мнозинство во Претставничкиот дом, Сенатот, кој е задолжен за „судење“ во постапката за отповикување, го контролираат републиканците, кои сигурно ќе гласаат против.

Како што пренесуваат странските медиуми, веќе со недели постои напнатост помеѓу демократите и Белата куќа, која не сака да соработува во парламентарните истраги, бидејќи смета дека нивните барања се неоправдани и мотовирани од политички интереси. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Свет

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Read more

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Read more

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе