Поднесено обвинение за Емил Јакимовски за семејно насилство и закани

Скопското јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар за закани и за семејно насилство врз поранешната сопруга и нејзиниот татко.

Како што соопшти Јавното обвинителство, од резултатите на вештачењето спроведено по наредба на јавниот обвинител во текот на истражната постапка произлегло дека обвинетиот ги сторил делата во состојба на битно намалена пресметливост за да го сфати значењето на делото и да управува со своите постапки.

-Првото дело кое му се става на товар обвинетиот го сторил на начин што со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно остварување на истото дело, притоа искористувајќи ист траен однос и исти прилики. Тој, како поранешен сопруг на една оштетена, при вршење семејно насилство и ја загрозил сигурноста со сериозна закана дека ќе нападне врз нејзиниот живот и тело и врз животот и телото на нејзино блиско лице – нејзиниот татко.

Обвинетиот се товари дека второто дело го сторил на 10 јануари, кога по пат на информатички систем и се заканувал на оштетена дека ќе изврши кривично дело – Убиство за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години. Заканите ги упатувал преку пораки и мобилни апликации, па оштетената се почувствувала дека и е загрозена личната сигурност, се наведува во соопштението.

Истражната постапка за истото лице, како што информираат од Јавното обвинителство, била поведена и за кривично дело – Неизвршување на судска одлука, но за ова дело не е поднесено обвинение, бидејќи во текот на постапката се утврди дека Решението на Основниот граѓански суд Скопје со кое била издадена наредба – Привремена мерка за заштита на правата на оштетената од семејно насилство сè уште не е правосилно.

Обвинителството, како што се наведува во соопштението, ги истражувало и наводните закани кои лицето ги упатувало кон друга оштетена, но притоа се утврди дека во нив не постојат елементи на кривично дело, туку дека станува збор за клевети и навреди за кои оштетената може да поведе граѓанска постапка.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, ценејќи дека постои реална опасност тој да се даде во бегство за да ја избегне кривичната одговорност

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Хроника

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Read more

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Read more

Возач од Скопје удри малолетник, детето со тешки повреди пренесено во Градската општа болница

Read more

Три скопјанки искасани од кучиња скитници

Read more
 

Вести

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Читај повеќе

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе