Поднесено обвинение за обид за изнуда

Скопје, 18 март 2019 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против лице дека сторило кривично дело – Изнуда, предвидено и казниво согласно член 258 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Како што соопштуваат од ОЈО-Скопје, обвинетиот во текот на ноември и декември 2018 година, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, упатувал сериозни закани преку телефон на оштетена, тврдејќи дека поседува документи со кои би можел да го извади од притвор нејзиниот сопруг.

-За да ѝ ги достави тие документи, осомничениот од неа барал да му исплати сума од 150 илјади евра, а истовремено и се заканувал дека доколку пријави ќе постави бомба и дека „ќе биде лошо за неа и за нејзините внуци“. Оштетената не му го исплатила бараниот износ и тој не успеал да ја реализира намерата, стои во соопштението.

За обвинетиот на сила се претходно определените мерки за претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица, наведуваат од ОЈО Скопје.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе