Поднесено обвинение за поранешен градоначалник на Неготино

Скопје, 11 jануари 2019 (МИА) – Обвинителството од Кавадарци до Судот во Неготино поднесе обвинение за поранешен градоначалник на Неготино за злоупотреба на службената положба.

-Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска до Основниот суд Неготино поднесе обвинителен предлог против обвинетиот, со кој го товари за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти утрово Јавното обвинителство на РМ.

Обвинителството утврдило дека обвинетиот во временскиот период од 2014 до 2017 година, во повеќе наврати, како службено лице – градоначалник на Општина Неготино ги пречекорил границите на службените овластувања со намера за вработени во општината, четворица државни службеници да прибави поголема имотна корист во вкупен износ од 694.583 денари.

Како што е наведено во соопштението, обвинетиот постапил спротивно на одредбите од Законот за работни односи,  Законот за државни службеници,  Законот за административни службеници и  Колективниот договор за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа на Република Македонија каде е предвидено дека прекувремената работа може да трае најмногу осум часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно, при што додатокот за плата за прекувремена работа да биде во износ од 35 отсто од износот на основната плата пресметана по час.

Обвинетиот го извршил кривичното дело и нанел штета на Буџетот на Општината, со тоа што потпишал  на вработените во општината да им биде исплатено повеќе од 190 часа годишно прекувремена работа и тоа по 40 отсто за час, без да постои поединечно решение и извештај за прекувремената работа, ниту уредно архивско заверување, велат од Обвинителството.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more
 

Вести

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе