Поднесено обвинение за разбојник од скопско Лисиче

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје по спроведена истражна постапка поднесе обвинение за разбојништво против едно лице на возраст од 29 години.

-Обвинетиот на 16.11.2019 година, влегол во семејна куќа во населбата Лисиче преку незаклучена врата. Внатре ја затекнал оштетената на која ѝ се заканил со нож и со зборовите „дај пари или ќе те убијам“. Оштетената  успеала да му ја оттргне капата со која му била покриена главата и да го види неговиот лик, по што обвинетиот го вперил сечилото од ножот кон нејзината слепоочница, а со дланката ѝ ја покрил устата за да не може да повика помош. Нападнатата му покажала на паричникот на масата, по што тој ѝ наредил да ги извади сите пари од паричникот, вкупно 600 денари во различни апоени. Откако ги одзел парите, обвинетиот повторно ѝ се заканил да не повикува помош и се дал во бегство, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, ценејќи дека сѐ уште постојат законските основи – опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и да ја попречува кривичната постапка, како и опасност да го повтори делото што му се става на товар, особено заради фактот што се работи за лице и претходно осудувано за исти кривични дела.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Хроника

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Read more

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Read more

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Read more

Возач од Скопје удри малолетник, детето со тешки повреди пренесено во Градската општа болница

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе