Поднесено обвинение за разбојништво и тешка кражба против едно лице

Скопје, 19 Март 2019  (МИА) – Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривични дела –  разбојништво и тешка кражба.

„Имено, на 23 јануари 2019 година сега обвинетиот, во придружба на уште едно лице, влегол во продажен салон на оператор на мобилна телефонија во близина на Бит Пазар и со употреба на сила и сериозна закана дека ќе нападне врз животот и телото на едно вработено лице, од него одзел 96.500 денари со намера противправно да ги присвои“, соопштија од Обвинителството.

Наведоа дека обвинетиот претходно ја разгледал поставеноста на безбедносните камери и проверил колку вработени се присутни во продажниот салон, а потоа се обидел да украде изложен мобилен телефонски апарат, но притоа се вклучил безбедносниот звучен аларм. Во тој момент обвинетиот излегол од продавницата и го натерал другото лице кое било со него да се заменат со јакните. Дополнително маскиран со качулка и марама, се вратил во салонот и извадил пиштол со кој му се заканил на вработениот, побарал од него да ја отвори касата и ги одзел парите.

„Истражната постапка за овој настан за кривичното дело разбојништво беше отворена и против лицето кое го придружувало обвинетиот во критичниот момент, но надлежниот јавен обвинител донесе наредба за запирање на истрагата откако во текот на постапката не беа пронајдени докази кои упатуваат на тоа дека ова лице било соизвршител во разбојништвото“, истакнаа од Обвинителството.

Соопштија дека на 25 јануари 2019 година, пак, во непосредна близина на казино во Бутел, обвинетиот со употреба на сила и сериозна закана дека ќе нападне врз животот и телото на една оштетена и одзел паричник во кој имало лични документи и 200 денари. Притоа вербално и се заканувал за да ја принуди да му ги даде парите. Со ова тој сторил кривично дело – тешка кражба.

„Ценејќи дека и натаму се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител предложи на обвинетиот да му биде продолжена претходно определената мерка притвор“, наведоа од Обвинителството.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Хроника

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе