Подобар сон, подобро здравје: Прв поглед на новиот One UI 5 Watch

Денес, Samsung Electronics го претстави интерфејсот One UI 5 Watch¹, кој ќе биде достапен на уредите Galaxy Watch подоцна во текот на годината. Новиот софтвер е дизајниран да обезбеди уште поперсонализирано и поинтуитивно искуство поврзано со здравјето и вклучува подобрувања за поддршка на подобар сон – често пати занемарен, но многу важен дел од целокупното здравје – како и различни фитнес и безбедносни карактеристики.

„Samsung е посветен на обезбедување на сеопфатно искуство за здравјето и поттик за корисниците да ги постигнат своите цели за благосостојба. Сега, повеќе од кога било, веруваме дека сè започнува со добар сон“, рече Хан Пак, потпретседател и директор на тимот за дигитално здравје при отсекот за мобилни уреди во команијата Samsung Electronics. „Новиот One UI 5 Watch ја потврдува нашата постојана посветеност да им помогнеме на луѓето да го подобрат квалитетот на својот сон, за да можат секој ден да го започнат свежи и подготвени“.

Подобар сон – клуч за подобро здравје

Samsung ги насочи своите напори кон три клучни елементи за подобар сон: разбирање на личните обрасци на сон, развивање здрави навики и воспоставување добра средина за спиење. One UI 5 Watch ги нуди тие елементи со уште поцелосно искуство за спиење.

Новиот Sleep Insights UI прецизно ги прикажува резултатите од спиењето на корисникот за појасен преглед на одморот од претходната ноќ, со поврзани индикатори како што се фазите на спиење, периодите на 'рчењето и нивото на кислород во крвта. Дополнително, Sleep Coaching - поставен за осум различни типови спиење² - е достапен и директно на Galaxy Watch часовникот, како и на спарениот телефон, така што корисниците можат полесно и со поголема мотивација да ги следат своите навики во секое време и на секое место.

Создавање на пријатно опкружување е исклучително важно и корисно за квалитетот на сонот,  бидејќи дури и малите дистракции можат да имаат огромно влијание. Затоа Samsung го олесни поврзувањето на Galaxy Watch часовниците со широк опсег на уреди. Кога Galaxy Watch ќе регистрира дека корисникот заспал, SmartThings дозволува поврзаните уреди да се исклучат, за да се создадат поповолни услови за одмор. Режимот за сон веднаш ги стишува известувањата и го затемнува екранот на телефонот и часовникот, при што One UI 5 Watch  користи инфрацрвен сензор наместо зелено LED светло за да ги сведе можните дистракции на минимум.

Попаметен фитнес партнер

Персонализирана зона на отчукувањата на срцето е додадена на различните приспособени функции за трчање на часовникот Galaxy Watch - вклучувајќи анализа на трчање во реално време и програма за вежбање во серии. Оваа нова функција ги анализира индивидуалните физички способностиᶾ и одредува пет оптимални нивоа на интензитет на вежбање (загревање, согорување маснотии, кардио, напорен тренинг и максимален напор). Ова им овозможува на корисниците да си постават свои сопствени цели врз основа на нивната способност, од согорување на маснотии до кардио со висок интензитет.

Љубителите на активности на отворено ќе уживаат во дополнителните придобивки со часовникот Galaxy Watch Pro, почнувајќи со проширената листа на рутите за вежбање - која сега поддржува трчање и пешачење, како дополнение на претходно достапните опции на рути за планинарење и возење велосипед. Корисниците на Galaxy Watch Pro исто така можат да пребаруваат и пристапуваат до базата на податоци GPX преку апликацијата Samsung Health и да добиваат препораки за нови маршрути врз основа на влезните параметри како локација, време, оценка или популарност⁴.

Безбедноста е секогаш на прво место

Безбедноста се подразбира кога станува збор за здравјето и благосостојбата, така што часовникот One UI 5 нуди и напредни функции. Ажурираната верзија на функцијата SOS овозможува директна комуникација со телефонскиот број за итни случаи поради пренос на информации за локацијата⁵ на корисникот, како и непосреден пристап до здравствените податоци на корисникот кога ќе се активира SOS. Покрај тоа, функцијата за откривање пад сега автоматски се активира за постарите корисници⁶, за да се намали ризикот од несреќи. Ова се само неколку примери за постојаните напори што Samsung ги вложува во подобрување на безбедноста на корисниците.

Интерфејсот One UI 5 Watch прво ќе биде достапен за следната серија на Galaxy Watch часовниците подоцна во текот на годината, со дополнителни подобрувања кои ќе бидат објавени наскоро.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Вести

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more
 

Гик

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе