Подолг од она на кое сме навикнати: Смартфонот Project Gem на Essential

Не знаеме многу за смартфонот Project Gem на Essential, освен дека не наликува на ниту еден друг што сме го виделе досега.

Енди Рубин, контроверзниот технолошки гениј, еден од коосновачите на Android и човекот кој си замина од Google со огромно обештетување од 90 милиони долари откако беше обвинет за сексуално вознемирување на колешка, го созададе Essential Phone. Сега објави фотографии и видео од новиот смартфон.

Она што може да се види е смартфон што е подолг од она на кое сме навикнати кога станува збор за паметни мобилни уреди. А сепак изгледа прилично мал во неговите дланки.

Смартфонот има едно огромно копче, копчиња за звук на десната страна и слот за отпечаток од прст на задната, како и една главна камера.

Портпаролот на Essential за The Verge потврди дека станува збор за потполно нов телефон:

„Работевме на нов уред што сега е во рана фаза на тестирање надвор од лабораторија. Со нетрпение очекуваме да ви споделиме повеќе информации.“

Неколку часа подоцна, на официјалниот Twitter профил на Essential беа објавени поофицијални фотографии на новиот телефон наречен Project Gem:

Твитерџиите и блогерите за технологија не само што не беа импресионирани од уредот, туку и дискусијата ја насочија кон контроверзното минато на Рубин, при што еден нагласи: „Се надевам не размислувате да купите смартфон од човекот на кој му беа платени милиони откако сексуално нападна колешка“.

реклама

Порнографски видеа и фотографии со девојки и жени од Гевгелија препраќани на социјалните мрежи

Read more

Српски туристи избркани од грчкиот остров Евија

Read more

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на COVID-19

Read more

Видеоиграта Super Mario Bros. од 1985 година продадена на аукција за 114.000 долари

Read more

Мобилни

Познат датумот кога Lenovo ќе го претстави гејмерскиот смартфон Legion

Read more

Објавено кратко видео за претстојниот Samsung Galaxy S20 Ultra

Read more

Познато кога ќе биде претставен Samsung Galaxy Note 20

Read more

Поглед во новиот смартфон Poco M2 Pro кој чини помалку од 200 долари

Read more

Гик

  • filter

Видеоиграта Super Mario Bros. од 1985 година продадена на аукција за 114.000 долари

Читај повеќе

Венеција тестира нов систем за заштита од поплави

Читај повеќе
  • play_arrow

Проф. Филиповска: Зрачењето од 5G не е опасно

Читај повеќе
  • filter

Познат датумот кога Lenovo ќе го претстави гејмерскиот смартфон Legion

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Објавено кратко видео за претстојниот Samsung Galaxy S20 Ultra

Читај повеќе

Пет астероиди идната недела ќе минат покрај Земјата

Читај повеќе

Познато кога ќе биде претставен Samsung Galaxy Note 20

Читај повеќе
  • play_arrow

СЗО: Има докази дека COVID-19 се пренесува преку воздух

Читај повеќе

Ремдесивир – од шкарт до лек за COVID-19

Читај повеќе