Приказната за успешниот деловен проект на познатиот германски фудбалер Лукас Подолски е позната од поодамна, но последните денови во фокусот е неговиот нов проект за 2025 година.
Во текот на својата кариера, Лукас Подолски го посвети своето време, особено сегашното време, на инвестирање во синџирот ресторани наречен Mangal Döner, па отвори 30 ресторани во Германија каде што го продава овој традиционален турски специјалитет.
Како што пренесуваат германските медиуми, Подолски од продажбата на донерi заработил неверојатни 225 милиони долари, но нема намера да застане тука.
За 2025 година тој подготви вистинска револуција, а тоа е поставување на 2.400 роботи за храна низ Европа, кои ќе ги отвори до крајот на следната година. Со ова тој планира да создаде вистинска револуција во индустријата за донери.
Ова не е единственото дело со кое се занимава Подолски. Поранешниот светски шампион сега е коосновач на популарниот бренд за сладолед Ice Cream United, сопственик на неговиот музички фестивал Glücksgefühle, кој минатата година привлече неверојатни 135.000 посетители.
Тој е дел и од Baller League, чиј основач е и сопственик на спортски центар во Германија каде и самиот преку спортот го промовира здравјето и кондицијата.
Иако летоска наполни 39 години, Подолски сѐ уште е член на полскиот прволигаш Гурњик од Забже за кој сезонава одигра 14 натпревари и постигна 2 гола со 1 асистенција.
Во текот на кариерата во дресот на Германија одигра 130 натпревари и постигна 49 голови. Со репрезентацијата стана светски првак во 2014 година, а во кариерата настапуваше за гиганти како Арсенал, Баерн и Интер и Галатасарај.