Поетска вечер во сеќавање на Игор Исаковски

АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА
/ 10.12.2024 / 09:54

„Еден од начините за добар книжевен текст е авторот да биде максимално искрен. Не работам ништо во ракавици, таков ми е односот и кон светот и кон моето пишување.”, ќе каже Игор Исаковски во интервјуто направено со Илинка Делчева во 2013 година.

На 15 декември 2024г, од 17 часот, во „Лабораториум“ во Скопје ќе се одржи поетски настан во чест и сеќавање на поетот Игор Исаковски, човекот кој ја означи генерацијата современи македонски писатели и го креираше ритамот и духот на времето во кое твореше.

„На десетгодишнината од неговото физичко заминување, се собираме за да го славиме поетот и неговите стихови. Животот е краток, но уметноста е бескрајна. На Игор животот сосема добро му прилегаше, но бесмртноста му прилега уште подобро“, велат организаторите на поетската вечер во негово сеќавање насловена „Ти пишувам од сржта на тишината“.

На настанот ќе читаат: Јовица Ивановски, Тихомир Јанчовски, Александра Димитрова, Елизабета Шелева, Сузана Спасовска, Валентина Бактијаревиќ, Џабир Дерала, Ана Голејшка Џикова, Билјана Црвенковска, Никола Гелевски, Ива Петреска, Бранислав Николов, Илинка Делчева, Ѓоко Здравески, Владимир Мартиновски, Марко Кочишки, Биљана Стојановска, Славица Диневска, Тони Димков, Павлина Атанасова, Елизабета Баковска, Љупчо Јолевски, Ненад Стевовиќ, Долорес Атанасова-Лори, Ана Зафирова...

Игор Исаковски (1970 – 2014), поет, прозаист, уредник, преведувач. Дипломирал на катедрата за Општа и компаративна книжевност во Скопје, магистрирал на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта (Родови и културолошки студии). Основач на Културна установа Блесок. (www.blesok.mk), каде што работеше како главен и одговорен уредник од 1998 година до неговата смрт.

Објавени книги: Писма (роман, 1991), Црно сонце (поезија, 1992), Експлозии, трудна месечина, ерупции… (раскази, 1993), Вулкан – Земја – (поезија, 1995), – Небо (поезија, 1996, 2000), Гравири – Blues говорница (многу куси текстови, 2001), Песочен часовник (раскази, 2002), Длабоко во дупката (поезија, 2004), Пливање во прашина (роман, 2005, награда Прозни мајстори, 2005), Blues говорница II (2006, Годишна награда за најдобро графичко решение на печатена книга, 2006), Стажирајќи за светец (поезија, 2008), Ноќта е најтемна пред разденување (поезија, 2009, Награда на Белградски фестивал на поезија и книга, 2010), Вулкан – Земја – Небо (поезија, 2010), Љубовна (поезија, 2011), Смртта има коса од морска трева (поезија, 2013), Дека да поезија, 2015).

Избори и преводи на други јазици: – Sky (– Небо, поезија на англиски, 1996, 2000), Sejanje smeha (Сеење на смеата, избрана поезија на српски и македонски, 2003), I & Tom Waits (Јас и Том Вејтс, избрана поезија на македонски и англиски, 2003), Sandglass (Песочен часовник, раскази на англиски, 2003), I to je život (И тоа е живот, нова и избрана поезија на хрватски, објавена во Црна Гора, 2007), Iz bliskov in ognja (Од болскоти и оган, нова и избрана поезија на словенечки, 2011), Pjesčani sat(Песочен часовник, раскази на хрватски, 2012), Madam Hyde, Mister Hyde (нова и избрана поезија на холандски, 2012), Dlanovi puni srče / Дланки полни срча (нова и избрана поезија на српски и македонски, 2013), Светлината ве чека на рецепција / The Light Awaits You at Reception (нова и избрана поезија на англиски и македонски, 2013).

Исаковски уредил четири антологии; најновата е Шест македонски поети / Six Macedonian poets, (објавена од ARC Publications, Велика Британија, 2011), како и два CD-ROM-а.

Преведуваше поезија, проза и есеи, од (и на) македонски, англиски, српско-хрватски-босански-црногорски, и од словенечки на македонски. Во негов превод на македонски, објавени се 60 книги.

Поезијата и прозата му се преведени и објавени на шеснаесет јазици во дваесетина земји. Застапен е во голем број избори и антологии во Македонија и во странство.

Тагови
реклама

Изгласана недоверба на делегатите на УСС УКИМ

Read more

Не се јајца: Нутриционист откри кој е најздравиот појадок

Read more

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Read more

Митева: Во Скопје само 2 објекта од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Read more

Култура

Изложбата „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“ поставена во Чифте амам

Read more

Светска премиера на симфониската суита Итар Пејо во Филхармонија

Read more

Женското рели денеска ќе ги размрда улиците во Скопје

Read more

Cамостојна изложба на Анита Огњановска

Read more
 

Вести

Middle East Eye: Емиратите тајно лобираат за раселување на Палестинците од Газа

Читај повеќе

АВМУ: Медиумите да не прават сензација од известувањето за погребите на жртвите во пожарот во Кочани

Читај повеќе

Адвокатот Марјан Витановски се откажа од одбраната на Љупчо Палевски Палчо

Читај повеќе

Добра вест е што поминаа критичните 72 часа и не почина ниту еден од преживеаните, рече Таравари

Читај повеќе

Приведен сопственик на ноќен клуб од Куманово, пронајдени пиротехнички средства

Читај повеќе

ЕУ денеска ќе го објави планот за спротивставување на Русија

Читај повеќе
  • play_arrow

Српскиот министер призна дека полицијата има звучен топ

Читај повеќе

Андреј и Сара од ДНК ќе бидат погребани утре во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Трамп ги објави документите за атентатот на Џон Кенеди

Читај повеќе