Поетскиот филм „Летна соната за мојот град“ со признание во Лос Анџелес

Поетскиот филм „Летна соната за мојот град“ во режија на Марија Шаклева, според песна на Андреј Ал-Асади, се закити со награда за најдобра режија и влезе во најтесниот избор од седум наративни филмови во конкуренција на филмови од целиот свет на интернационалниот „Поетски филмски фестивал ‒ Лос Анџелес“ (International Poetry Film Festival ‒ Los Angeles) во САД. Филмот, односно композиторот Јован Јовановски, беше издвоен и помеѓу десетте филмови со оригинална музика за филм.

„Исклучителен филм чиишто пораки се пренесуваат и преку стихови, и преку уметничка слика. Содејството помеѓу уметностите е клучна! Како за филм што трае помалку од две минути, содржи сѐ што се бара во раскажувањето приказни преку друга уметност, во случајов, базиран на песна. Филмот успеа да го задржи вниманието на публиката и со стиховите и со визуелното. Беше особено вешто режиран“, се вели во образложението на организаторите.

Поетскиот филм „Летна соната за мојот град“ во режија на Марија Шаклева е снимен според истоимената песна на македонскиот поет Андреј Ал-Асади. Музиката е на Јован Јовановски, а снимател е Илија Жоговски. Уметничката слика што како мотив се појавува во филмот е дело на сликарот Владимир Илиевски. Продуцент на филмот е Јулијана Величковска а режисерката Сандра Ѓоргиева беше стручен консултант.

Поетскиот филм е дел од „Стиховно мапирање на Скопје“, проект на „ПНВ Публикации“, поддржан од Град Скопје, и за првпат беше прикажан во септември 2022 г. во рамки на „Скопскиот поетски фестивал“.

Филмот беше избран и во специјалната селекција „Светско огледало на поезијата“ на интернационалниот турингиски филмски фестивал „Поетри филм таге“ (Poetry Film Tage) во Вајмар, Германија што ќе се одржи на 19 и 20 мај.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе